Минатиот викенд на Јутјуб осамнаа нови сминки на Џони - уште 18 бисери на народната музика, меѓу кои „Во убавиот стар град Вишеград", „Во рана зора", „Добро утро мој бекријо". Босанскиот „Дневни аваз" по тој повод му се јавил на Штулиќ дома, во Хутен крај Утрехт.
Човекот кој меѓу двете светски војни ја оживеа американската фолк музика, правејќи ја ангажирана и урбана, и со тоа поставувајќи ги темелите на она што подоцна ќе го наречеме рокенрол, е роден на денешен ден, 14. јули, 1912.
Последното прашање кое Њујоркер им го постави на своите Твитер следбеници во рубриката Questioningly е „Кој е вашиот омилен Битлс?". Иако се очекуваше дека Џон Ленон ќе биде прв, она што изненадува е дека веднаш по него, и тоа за само 2% помалку гласови, не е Пол, туку - Џорџ.
Виолинистот Алексеј Игудесман и пијанистот Ричард Хјунг-ки Џу се актуелни кралеви на музичката комедија. Едно е сигурно - тие не посегнуваат по хуморот затоа што не знаат да свират.
На 30. март во рамки на 59. издание на фестивалот на краткометражен филм во Белград ќе биде прикажан документарецот за прерано згаснатата ѕвезда на југословенската кинематографија, секс симболот, урбаната икона на една генерација и борецот против естаблишментот - Соња Савиќ.
Дали физичарите можат да кажат нешто за јазикот, подеднакво релевантно како тоа да го кажале лингвисти? Минатата недела беше објавена статија во која група физичари тврди дека идентификувала универзални закони поврзани со создавањето, животниот век и исчезнувањето на зборовите.