Според истражувањето на IEG, компанија специјализирана за спонзорства, најсилната кошаркарска лига во светот за една година остварила приходи од 5,7% со вкупна сума од 679 милиони долари.
Имаме тазе топ 10 листа со најбогати фудбалери на планетата на која прв е Кристијано Роналдо со 2 милиони евра повеќе кеш од Меси. Но да ги ѕирнеме и оние кои легачат и уживаат во парите, а кои според Форбс се најбогати за 2013 година.
Технологијата до толку го напаѓа фудбалот што во иднина наместо жолти и црвени картони, судиите ќе мафтаат со Ајфон. Не, ова не е шега, ниту луда идеја. Судиската апликација за смартфон веќе беше употребена на финалето од мексиканскиот футсал куп.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери кои ќе им се спротистават на Хрватска и Србија во рамките на квалификациите за Светското првенство во Бразил.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери за почетните две гостувања од квалификациите за Светското првенство во Бразил.
За време на Олимписките игри најмногу се пишувало за Болт, најинтересен спорт за дискутирање бил фудбалот, најспоменуван бренд бил Мекдоналдс, а најкористен телефон бил Самсунг Галакси С3. Инфографик за целосното претставување на Олимпијадата на социјалните мрежи.
Магазинот Форбс ја објави својата листа на 100 спортисти со најголема заработка, а изненадувачки на врвот не се Бекам, Леброн или Тајгер Вудс, туку двајца боксери. Флојд Мејведер одработи само две борби, во рингот вкупно помина помалку од еден час и заработи 85 милиони долари.
Лионел Меси и Кристијано Роналдо заработуваат по околу 20 милиони долари годишна плата од нивните клубови, Дејвид Бекам „само“ 9, но кога на оваа сума ќе се додадат и парите од спонзорите, тој сè уште има најголема заработка помеѓу фудбалерите.