76-тото издание на фестивалот се отвори на 16 мај, со филмот „Жан де Бари“ со Џони Деп во главната улога, а ќе се затвори со цртаниот „Елементал“ на Пиксар. Претседател на жирото е Швеѓанецот Рубен Остлунд. Наградените ќе ги знаеме пред затворањето на 27 мај, но уште од сега има филмови за кои најмногу се зборува, главно поради нивните режисери.
Целосното име ѝ било Алма Ида Вилибалде Максимилијана Карлин. Зборувала девет јазици, и во време кога тоа воопшто не било вообичаено, одлучила да тргне сама на пат, на кој поминала цели осум години и ги посетила речиси сите континенти.
По успешното прво издание од минатата година, Фестивалот на студентски етнолошки филмови во сабота 12.11 повторно е во Кинотека, каде ќе се прикажат петнаесет одлични студентски филмови
На 4.07, на 76 годишна возраст почина Абас Кјаростами, славниот ирански режисер, фотограф и поет, автор на над четириесет филмови. Најпознатиот од нив е токму овој, награден со Златна палма во Кан.
Има две работи кои можат да помогнат во толкувањето на овој филм: истоименото дело на Томас Хобс, библиската приказна за Јов и митолошката слика за Левијатанот. Но и без ништо од сето ова, трагичната приказна за беспомошноста на малиот човек пред корумпираното и аморално чудовиште од систем не може а да не ве допре.