Во 2022 во Кан се случи премиерата на „Топ Ган: Маверик“, а оваа година филмот кој се очекува да ја обедини публиката од сите возрасти и вкусови е петтото продолжение на „Индијана Џонс“. Но секако тука ќе има и други филмови вредни за внимание и награди.
„Убијци на месечевиот цвет“ на Мартин Скорсезе
За најновата епска драма на Скорсезе има многу малку информации, но она што се знае е дека таа е директна адаптација на книга на Дејвид Грен (David Grann) за убиствата на домородни Американци од 1920-тите. Тие тогаш биле систематски убивани за да се преземат правата врз нивната земја, богата со нафта. Главниот лик во книгата е Том Вајт, федерален агент кој ја води истрагата, но во филмот тоа се Ернест и Моли Буркхард (Леонардо ДиКаприо и Лили Гледстон), брачен пар чија необична врска е поврзана со случајот. Ова сугерира многу покомплицирана и интимна приказна отколку буквалното пренесување на документарниот случај на големо платно.
„За сувите треви“
Нури Билге Џејлан е еден од најдобрите режисери на денешницата, а откако почна да се појавува во Кан практично никогаш не е заминат со празни раце. Неговиот претходен филм од 2018, „Дивата круша“, е единствениот кој нема добиено признание помеѓу шесте наслови чија премиера се случи во натпреварувачкиот дел од фестивалот. Џејлан ја има почнато својата кариера како фотограф и веројатно затоа неговите филмови се толку визуелно убави. Во последниве години неговите дела станаа подолги и поамбициозни, но останаа длабоки „чеховски“, човечки приказни.
„Чуден начин на живот“ на Алмодовар
Пред 20 години на Алмодовар му била понудена шанса да го режира „Планината Броукбек“ но тој ја отфрлил можноста велејќи дека се сомнева дека ќе ја има слободата да ги носи одлуките што ги посакува. Сега конечно можеме да видиме како би изгледал еден таков геј каубојски филм под негова режисерска палка. Тој трае 30 минути а ги вклучува Педро Паскал и Итан Хок. Двајцата се поврзуваат по 25 години разделеност за да ја разрешат нивната комплицирана романтична историја.
„Индијана Џонс и одбројувачот на судбината“
Историјата на блокбастери на Кан не е многу ботата. „Мед Мекс“, „Топ Ган“, „Соло“, „Кодот на Давинчи“. Но петтото продолжение на Индијана Џонс е необично затоа што на Кан ќе се прикажува цел месец пред својата светска премиера. Режисер е Џејмс Менголд кој ја презема обврската од Стивен Спилберг. Тоа можеби значи дека тука ќе има повеќе акција, што е интересно поради возраста на Харисон Форд (кој според трејлерите изгледа филмски подмладен).
„Чудовиште“ на Хироказу Коре-еда
Јапонскиот режисер и Кан имаат долга и среќна врска. Јапонскиот режисер има промовирано пет од неговите последни девет филмови на фестивалот, од кој еден ја доби Златната палма во 2018 („Крадци“), а друг наградата од жирито („Каков татко, таков син“ од 2013). „Чудовиште“ е за мајка која се конфронтира со наставникот на нејзиниот син, кога ќе забележи необична промена во однесувањето на детето. Музиката е на неодамна починатиот Руичи Сакамото.