Кога во Италија повеќе го ценеле неговиот фудбал отколку во родниот Уругвај, тогашниот селектор Антонио Конте го убедувал да заигра за „Аѕурите“ но Весино останал верен на својата земја и чекал повик од татковината.
Додека неговите соиграчи а и многу други фудбалери на денешницата се свилени и носат розеви и жолти копачки облепени со Swarowski кристали, Тони Крос синоќа против Шведска даде еврогол во копачки стари четири години.
Иако во сите делови од светот важи за чудотворец на голот, во својата родна земја Џанлуиџи Буфон има гревови кои му ги паметат претежно ривалските навивачи но и педантните новинари.
Шпанскиот четвртолигаш Бадахоз открил дека клубот од Торино во целост им ја украл идејата за кампањата за продажба на сезонски влезници. Ќе им простат само ако одиграат пријателска средба.
Основните бои на Јувентус се розеви, а црно-бели стануваат во 1903. година кога еден англиски клуб им праќа нова гарнитура дресови. Еве и зошто Старата дама има повеќе поклоници во Италија од сите други клубови.