Најголемата германска банка размислувала околу продолжувањето на роковите на Трамп организацијата за враќањето на долгот од 340 милиони долари, „за да се избегне кошмарното сценарио за присилна наплата на пари од актуелен американски претседател.“
Уште е рано ама и сега изгледа дека за идните историчари 2016 ќе биде почеток на нов циклус во меѓународната историја. Лошата вест е што овие циклуси во просек знаат да траат по 30 години.
Откако плановите за масовна воена парада во Вашингтон беа повлечени по удирање есап колку ќе чини таа желба, Трамп ја редизајнираше идејата, главно по обем.
Во неодамнешното обраќање пред Конгресот, Трамп прогласи дека „Америка никогаш нема да биде социјалистичка држава“, притоа игнорирајќи дека таа е станата жариште на социјализмот, барем на социјализмот за богатите.
Првиот човек на Амазон, Џеф Безос, е еден од најголемите бизнис душмани на првиот човек на САД, Доналд Трамп, а и покрај тоа овие две години од мандатот на вториов се најпрофитабилни во кариерата на првиот.
Двајцата претседатели се сретнале набрзинка за време на Г20 самитот во Буенос Аирес, а освен нив на средбата присуствувале само уште преведувачот на Путин и сопругата на Трамп, Меланија.
Еден од главните мераци на Трамп на новата позиција е своите гости да ги шета низ Белата куќа, тура која за поблиските вклучува и посета на местото каде Бил Клинтон и Моника Левински систематски доведоа до импичмент на Бил.
Како што одминува првиот мандат на американскиот претседател така прес-конференциите со него (и екипата од Белата куќа) се повеќе добиваат на забавност и возбуда, а се помалку на информативност. Се на се брифингот од Белата куќа е станат спектакл како кечери.
Во четвртокот Базфид ја објави информацијата што сите ја чекаат повеќе од две години: дека адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, признал пред американските власти дека добил инструкции од Трамп да лаже на сослушувањето пред Конгресот околу наводната соработка на Трамп со Русите. Еден ден подоцна ова беше демантирано лично од човекот кој раководи со истрагата против Трамп.
Републиканците не минаа добро на последните избори за Конгрес, а Трамп речиси и да нема ден кога по некоја основа не минува добро. Овие првите имаат сериозен проблем со тоа што се случува, вториов барем за сега глуми дека ништо не го занима.