Филмот на Питер Џексон во три дела ги следи секојдневните проби на членовите на Битлси кои ќе доведат до создавањето на нивниот последен студиски албум, Let It Be. Секој и малку упатен обожавател на бендот може да каже што се случило по таа 1969 со Џон, Пол, Ринго и Џорџ. Но што е со останатите?
Денес е ден на сесловенските, но и на уште еден, музички просветител. „Бев многу постар тогаш, сега сум подмладен“, пеел тој на 23 години. И со оглед на темпото на работа, не делува како да влегува во деветата деценија.
2014 меѓу другото ја одбележаа два настани: 100 годишнината од раѓањето на велшкиот поет Дилан Томас и епскиот научно-фантастичен филм „Интерстелар". Нивната точка на средба е славната песна на Томас, Do not go gentle into that good night, која во филмот се цитира неколку пати.
Иако на моменти балансира на фината граница на мелодрамата, филмов не може а да не ве освои. Причина: во него игра Бил Мареј, и тоа во тандем со едно преслатко дете.
На сајтот на Дилан се појави нова песна - преработка на „Полна месечина и празна прегратка", чија најпозната верзија е онаа на Синатра од 1946. Но нејзината основа всушност е во класичната музика.
Ако пред-дилановската сцена на Гринич Вилиџ не ви прави мерак, и ако саундтрак сам по себе не ви е доволен за да прогласите некој филм за добар, тогаш овој не е за вас. Единствено може да помогне ако сакате мачки.