24.5.1941

80 нешта за Боб Дилан на неговиот 80-ти роденден

Денес е ден на сесловенските, но и на уште еден, музички просветител. „Бев многу постар тогаш, сега сум подмладен“, пеел тој на 23 години. И со оглед на темпото на работа, не делува како да влегува во деветата деценија.

Боб Дилан не му е родено име. Ова сигурно го знаевте, па следат уште 79 факти, за уметникот претходно познат како Роберт Ален Цимерман.

Има продадено повеќе од 125 милиони албуми низ светот.

И покрај огромниот успех и културолошко влијание, Дилан никогаш нема број еден сингл во Британија или САД. За разлика од него, Лас Кечап имаат (да, кои се тие?)

Цел синод од музичари, писатели и професори на неговиот 70-тиот роденден изгласаа дека најдобрата песна на Дилан е „Лајк а ролинг стоун“ од 1965.

Брус Спрингстин има кажано дека таа песна звучи како „некој да ти отворил врата во умот со клоцање“, а пак Боно од У2 „поп песна која прави модрица на око“.

Кога го прашале за што се неговите песни, во интервју од 1966 во Плејбој, Дилан одговорил: „Некои се околку четири минути, други околу пет, а некои, верувале или не единаесет или дванаесет“ (игра на зборови во англискиот со about - about four minutes, about five..)

Дилан бил првиот кој ги вовел Битлси во марихуаната. Според изјава на Мекартни дадена неодамна, „Сите потрчавме позади сцена и му рековме ’Дај ни малку’..Тоа беше прв пат да се напушиме.“

Дилан живее на Малибу, но има 17 куќи низ светот.

Во гимназискиот алманах напишал дека неговата единствена амбиција е „да му се придружи на сцената на Литл Ричард“

Кога славниот фолк пејач Вуди Гатри завршил во психијатриска болница, Боб го посетувал и му ги свирел неговите песни.

Неговата прва композиција била наречена „Песна за Вуди“, а тој почнал дури и да пее и да зборува како пејачот од Оклахома.

Гатри му понудил на Дилан да му ги даде неискористените стихови кои му стоеле запишани во тетратки, но неговиот тогаш млад син Арло не можел да ги најде во куќата кога Дилан дошол на врата. По дури 40 години тие биле испеани од фолк пејачот Били Браг и од чикашкиот бенд Вилко.

Дилан бил запишан на Универзитетот во Минесота, но никогаш не го завршил.

На почетокот на кариерата лажел за своето потекло, кажувајќи им на новинарите дека е сираче, дека е Ново Мексико и дека порано патувал со циркус.

Во 1965 на фолк фестивалот Њупорт, Дилан ги шокирал фановите и музичкиот свет со тоа што почнал да користи електрична гитара и други електрични инструменти.

Следела турнеја со бендот The Hawks која била неуспешна. Боб бил нарекуван „Јуда“, затоа што го напуштил традиционалниот „народен“ израз.

Во периодот којшто следел, со трилогија на поапстрактни, па дури и надреални блуз-фолк-рок албуми, критичарите веќе не знаеле со кого да го споредуваат од светот на музиката, па морале со не-музичари, како Пикасо или Џејмс Џојс.

Бил повреден во мистериозна несреќа со мотор во јули 1966.

Ова било знак да престане со интензивниот живот, па „исчезнал“ во оддалечена уметничка колонија во Вудсток, со жената и четирите деца.

Научил да слика, ја читал Библијата и повремено свирел со бенд кој подоцна ќе стане познат токму под тоа име - The Band.

Во 1970-тите Дилан имал период на христијанско откровение, по својот развод, кога обожавател фрлил мал сребрен крст на сцената. Се покрстил и издал неколку албуми со современи госпел песни.

Вториот брак му бил со придружната пејачка Керолин Денис со која имал ќерка. Се разделиле во 1992. Овој брак останал тајна до биографијата Down the Highway, прв пат објавена во 2001.

Во 1988 формирал супер група со Џорџ Харисон, Том Пети, Рој Орбисон и Џеф Лин. Секој во бендот имал прекар, а Дилан бил нарекуван Лаки.

Неговиот албум „Љубов и кражба“ бил издаден на 11 септември 2001, истиот ден кога се случија терористичките напади во Њујорк.

Има добиено Оскар и Златен глобус за песната Things Have Changed, од филмот на Мајкл Даглас Wonder Boys.

Oд 2006-2009 имал сопствено еднонеделно сателитско радио шоу (во една епизода му гостува и Том Вејтс).

Помалку е познато дека Дилан е хип-хоп фан. Ги има и јавно поддржувано Паблик енеми, Ран Ди-ем-си и други. „Тие се сите поети и знаат што се случува“, велел тој. Некои пак сметаат дека Subterranean Homesick Blues е една од првите модерни рап песни.

Неговата нова песна во последниве осум години беше издадена минатата година и се состои од 17-минутно прераскажување на атентатот врз Кенеди.

Во декември ги продаде правата на целиот свој каталог на Јуниврзал, за сума која се проценува на 300 милиони долари.

Уште факти, до 80 тука 

24 мај 2021 - 12:48