Пред една година пишувавме за намерата на режисерот Стив МекКвин да работи нов проект во кој ќе ги слика сите ученици од трето одделение кои во моментов учат во Лондон. Проектот заврши, и ова се неговите искуства.
„Старата дама“ стана првиот клуб во Италија кој поседува свој сопствен хотел. Во фоајето на J Hotel може да се поздравите со Џиџи Буфон, да се сликате со Бонучи, или па да налетате на Игуаин, Рабио и Маурицио Сари како пијат кафе.
Во ситуација кога еден од најстарите светски клубови, Нотс Каунти е во тешка беспарица, луѓето од овој клуб и претставници од градскиот парламент решиле да се обратат до италијанскиот гигант со кого имале братска делба во минатото.
Иако во изминатите децении Тотенхем беше надвор од првата топ четворка на англискиот фудбал, овој клуб важи за еден од најстарите на светот и за првиот англиски клуб кој освоил европски трофеј. Спарс имаат богата историја која годинава го достигнува врвот.
Официјалната домашна варијанта на дрес на Јувентус за новата сезона 2019/2020 ја претставија овој месец, но на интернет се зборува за неа уште од минатата есен. Навивачите поделени.
На 81 година, во саботата наутро во Белград почина легендарниот уметник со фудбалската топка Драгослав Шекуларац. Освен фудбалот, голема страст му биле уште и коцката и кафанските седенки.
Арсенал, Челси, Тотенхем, Вест Хем, Фулам, Чарлтон и Милвол се клубовите кои може да ги гледате доколку се најдете во главниот град на Англија. Ова се сите стадиони во Лондон со убави 17 кадри.