Нова книга се обидува да објасни што е причината за нашите солзи и притоа комбинира биологија, поезија и историја. Сте чуле ли, на пример, за молец што пие птичји солзи?
Пред некое време пишувавме за тоа како светот го преведе shithole на Трамп, опис кој тој го употреби за Хаити, Ел Салвадор и земјите од Африка. Хрватска го искористи сочното „вукојебина“, Финска „шупачки држави“, кај нас „дупки“ или „свирипичино“. Но каква е историјата на англискиот термин?
Зошто јавните простори во САД треба да бидат исчистени од водачите на Конфедерацијата, додека во Британија и понатаму би останале исправени статуите на адмиралот Нелсон и Сесил Роудс, прашува уредникот на Њујорк ривју оф букс и професор по демократија, човекови права и новинарство на Бард колеџот, Иан Бурума.
Холанѓаните со децении успеваат да работат на својот имиџ на толерантни и лежерни луѓе кои си бркаат работа и не се мешаат во туѓи животи. Па сепак, малку е чудно како масовно се заборава дека само до пред 70 години и тоа како се мешаа; со војска, окупации и масовни убиства. Сè за тија пусти пари.
Вчера, 26.01, во интервју за Фокс Трамп изјави дека ИСИС се „подли, гнасни стаорци“. Со тоа само се надоврза на традицијата на антропоморфизација на овие сироти суштества. И тоа не би било необично ако истото важи и за другите глодари. Ама не, глувчињата се слатки.
Како ви звучи кога нешто е опишано како елитно? „Елитен ресторан“, „елитна гимназија“. За некого оваа придавка е сигнал за посебност која мотивира. За други асоцира на некакви замислени олимписки височини, класна поделеност и недостапност. Антиелитистичкото чувство во САД ја одбележа изминатата година, а „елитно“ стана еден од најнепосакуваните епитети, пишува Њујорк Тајмс.
На секој иборен циклус, кога ќе забревтаат изборните машинерии а страстите ќе почнат да вријат, нормален човек добива чувство дека се допира дното и дека "никогаш вака на било". А било. Не е од вчера констатацијата дека политиката е иста како правењето кобасици.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја