Шкотите речиси секогаш играат во традиционални сино-бели бои и тешко е да се поверува дека оваа брутална репрезентација позната по фајтерска игра некогаш играла во розови дресови. Пред три години така се појавуваа на гостувања, а и пред 100 години играле во оваа боја.
Во ситуација кога еден од најстарите светски клубови, Нотс Каунти е во тешка беспарица, луѓето од овој клуб и претставници од градскиот парламент решиле да се обратат до италијанскиот гигант со кого имале братска делба во минатото.
Официјалната домашна варијанта на дрес на Јувентус за новата сезона 2019/2020 ја претставија овој месец, но на интернет се зборува за неа уште од минатата есен. Навивачите поделени.
Оваа сезона Барселона нема победено на ниту еден натпревар на кој настапија со црвено-жолтите дресови, па во Шпанија веќе почнаа да се вртат муабети за „проколнати дресови". Но тие не се единствени чии дресови биле малерозни.