Кога пред десетина година се сретнале додека Кристијано беше играч на Реал Мадрид, Сослкјер му рекол: „Каде и да играш, колку и да вредиш, твојот дом секогаш ќе биде Манчстер Јунајтед“. Португалецот се врати на местото каде го лансираа во орбитата.
По серијата огромни расистички скандали и гафови, раководството на Серија А реши да покрене кампања во борба против расизмот во фудбалот, ама толку невешто го направи тоа, што сите се запрашаа дали се нормални?
Од сосема добра идеја и замисла, до тотална белја. Социјалните мрежи беснееле на ваквиот гест од германскиот гигант, па adidas бил принуден да се извини и да ги повлече од продажба патиките.
Спортската јавност и натаму се интересира за тенисерот кој се вика, верувале или не, Тенис Сандгрен и доаѓа од САД. Во Европа и не е нешто познат, ама во Америка околу него се водат жестоки дебати меѓу левицата и крајната десница.
Клубот во кој дојде исплашен со насолзени очи, а го напушти како најдобар фудбалер на светот засекогаш ќе биде дел од Кристијано Роналдо. Учел од ветераните Сколс и Бат, а Фердинанд го спасил да не јаде ќотек од Ван Нистелрој зашто не му подавал пред гол.
Во својата историја, Црвените Ѓаволи имаа разни гарнитури на дресови. Иако класичниот црвен важи за омилен меѓу навивачите, Јунајтед знаеше да направи и тотална утка со дизајнот на дресовите. Еве ги најпознатите дресови на Јунајтед низ славната историја.
Премиерлигашот Хал е најверен на старата школа, затоа што повеќе од половина играчи во екипата не сакаат да слушнат за шарените копачки, кои се омилени во Манчестер Јунајтед.