Поентата на текстот е поинаква, ама нам ни е крајно интересна врската помеѓу настап на политичар и број на пребарувања во речник. После настапите на нашиве единственото низ што ти иде да пребаруваш е шкафчето со апчиња за смирување.
Изминатата година овој збор бил во првите 20-30 пребарувања на сајтот на издавачот на познатите речници на англиски јазик. Расна, социјална, економска - сите овие биле во центарот на американската (и не само американската) дебата.
Можете да замислите ситуација во која наши лингвисти, преку профил на Речникот на македонскиот јазик, на социјални мрежи ги корегираат политичарите низ поучни но и комични постови? Ни ние. Ама некои други лингвисти го искористија моментот за да поделат по некоја лекција.
Знаеме дека ве удавивме со различни зборови на годината - од англиските пост-вистина и снегулка, „германското“ флај и австралискиот демократски колбас. Но овој некако ни изгледа дека најреално го опишува чувството со кое ја завршуваме годината. Дека таа беше - надреална.
Пред некое време пишувавме за зборот на годината според Оксфордските речници, кој воопшто не е збор, туку слика-емоџи. И Меријам-Вебстер го прогласи својот (не)збор на годината. Како тргнало, следната година можеби ќе победи м’мкање или свиркање.