Во најсрамните вести од минатата недела, кои едвај и да добија внимание од медиумите, Доктори без граници ја прекина својата операција за спасување мигранти на Медитеранот заради притисокот од европските нации, а посебно Италија.
Шпанскиот министер за надворешни работи објави дека американскиот претседател му предложил тактика за спречување на напливот мигранти од Африка, при што зборот „тактика“ е многу либерално употребен во овој контекст.
Како дел од програмата за протерување што е можно повеќе нелегални мигранти администрацијата на Трамп постави и кодошка телефонска линија на која анонимно можеш да пријавиш некој од оваа група. Неочекуван нус-производ на ова е бројот на луѓе што тајно пробуваат да ги депортираат роднините на својот партнер/ка.
Светски познатиот готвач од шпанско потекло Хозе Андрес се соочува со повеќемилионска тужба откако одби да готви во хотелот на Доналд Трамп после негоите навредливи коментари за Мексиканците.
Перјаницата на републиканската трка за претседателски кандидат го изложи својот план на темата на која самиот се смета за многу јак - дојденците. Да важеа правилата кои тој сега ги предлага, дедото на Доналд Трамп никогаш немаше да стапне во Америка.