Писма на читатели

Засадени писма на читатели

Моментално ја валидираме хипотезата дека постојат корисници што би сакале индиректно да влијаат на CO2 нивоата во атмосферата. Во минативе две недели стигнавме до две конверзии, имаме две дрвја за садење :)

Писма на разгледувани велешани

Види богати, за локален проблем пријавен на 07 Септември 2018 пријавата сè уште се разгледува. СÈ УШТЕ СЕ РАЗГЛЕДУВА! Небаре е каменот од розета па треба симултан превод од вонземјани за кои ни Миленко ни Елон Маск не можат да ги најдат. Yet.

Детективски сајбер писма на читатели

Нашиот гениј кликал, кликал и стигнал до некаде (којзнае каков ЕУРЕКА момент имал тогаш) и добил нешто што ќе ги задоволи неговите крволочни пориви. Тој мисли дека го открил "напаѓачот" на неговиот сајт со име, презиме, имејл и адреса (!?) и горд на своите детективски сајбер-способности решава да ги објави на неговата ФБ група, посебно нагласувајќи го името и презимето на перпетраторот.

Плејмејкерски писма на читатели

Самир, ако не го знаеш, е многу посебен чоек - наш чоек, од Тетово, со апетит за филм каков што не сме виделе уште од времето кога Роберт Родригез беше дел од некоја експериментална програма каде лежеше у болница како заморче за да го испитуваат влијанието на некоја хемија на него, и тоа - само за да може да го сними “El Mariachi“.

Дали ви е сега полесно?

Дали ви е полесно кога најголемиот поддржувач на Скопје 2014 сега ви ги отвара вратите на ЕУ и НАТО? Дали шареноборците сега сами ќе ги поправаат фасадите на милионите објекти што ги уништуваа?

Неруски писма на читателки

Многу ми е жал што ќе Ве разочарам, но целата заслуга за одбивање прекрстување е наша, на Македонците. Просто прескапа ни е цената, срамна, понижувачка, бескомпромисна....ван памет.

Пост-референдумски писма на читатели

Имаа кампања у која влезе 80% од она што е естаблишмент во Македонија - на нивна страна! Све мој до мојега пропагираше ЗА! И они сега, нормално, немаат план Б. Ама на некое друго место седат некои поозбилни момци на кои им се тресат фотељи од ова и викааат: "Okay, what's our Plan B?"

Писма на европски велешани

Конкретниот проблем за кој сум испровоциран е комунален, лесно решлив и трае ни помалку ни повеќе - 30 години. Се работи за улица во Велес, заборавена од Бога (замислете, во центарот на Македонија). Ни едните ни другите политичари овие изминати 30 години не земале да ја асфалтираат па ај си реков сега пред референдумот ќе покренам барање за санирање.

Писма на зачадени скопјани

Овој градоначалников место да земе да решава градски проблеми како на сликите подолу што ви ги испраќам, чоеков се бафта со приватни проблеми на фамилии, пелени, станови...Што е он, градоначалник или зградоначалник? Сликиве се изминатава недела сликани.

Писма на центарски читатели

Кој ви ги купува бе становиве? Како ќе идете на работа бе вие што ќе ги купите? Кај ќе ги запишете децата у градинка у школо? Како ќе излезете од влез, на улица ли? Како ќе серете бе, па све ова се гради на инфраструктура од 1920 година.

Референдумски писма на читатели

Дали сте за стабилна и просперитетна Македонија, со барање на фискална сметка на цела нејзина територија, со посебен акцент на Охрид и Струга?

Аристократски писма на читатели

На некој начин, голем дел на проблемите во Македонија, со се име и сè, се сведуваат токму на постоењето на општествена (либерална) аристократија, која не учествува во никакво производство, туку се финансира од буџетот.

Расфрлани писма на читатели

Единствено што е ново се стотиците расфрлани флаери низ цел Центар за големата прослава. Уште за славење сме...

Логични писма на читатели

Па целата таа криминална приватизација, војната 2001-ва, отсуството на елементарна култура и емпатија, нефукционирање на институциите, вработување на роднини и швалерки, масовната умирачка на козите на комшиите, неплаќањето куќен совет, окупацијата на тротоарите од несовесни возачи и кафанџии... сето тоа било САМО поради името ???

Венчални писма на читатели

Ми рекоа: Ете ти шалтер 3, таму е за венчаници! Тргнав кон шалтер 3 и се чудам како не прочитав и дали сум слеп, ама не се они криви што јас не разбирам албански јазик. Им дадов лична карта и листаше шефот два пати и констатира дека венчаницата не е испечатена, а Ваљон (мислам дека така рече) бил на одмор до понеделник.

Предлог писма на читатели

Кога веќе СДСМ ни предлага сите сосе држава да се преименуваме заради неизвесни и одложени придобивки....

Другарски писма на читатели

Да гласаме (бојкотираме) за да му обезбедиме барем малку достоинство на новиот безимен народ кој ќе знае дека барем ги казнил оние кои го силувале и кој знае дека заслужува подобро.

Писма на Јаки читатели

Се работи за населба Јака (кој и го смисли името, мора да знаел што ќе се случува) во општина Илинден.

Писма на препаркирани читатели

Здраво Трендо,
Бидејќи кај нас во државава „заштита на потрошувачи“ е мисловна именка и нема каде да се обратиме, ти пишувам на тебе (а доколку го објавиш, да видат и другите) за да си се пожалам во мое име и во име на останатите паркирачи (клиенти) на една катна гаража. Ти пишувам за да покажам дека не сме сите овци, ама нè стриже кој ќе стигне.

Писма на читатели со омекнати табани

Дали, господине градоначалниче, ова ти изгледа нормално? Човекот од снимката со секси нозе и во тие секси влечки сум јас. Одам до продавница за да купам леб.

„Прво, па пауза“ писма на читатели

Здраво Трендо,

Ми се роди син (благодарам), и тука почнуваат маките:

Родителски писма на читатели

Се приближува крајот на учебната година, а одделението на нашите петтоодделенци денеска се запозна со 17тата наставничка во нивното досегашно образование. Седум од нив се сменија само во оваа година (ако не ги сметаме еднодневните замени од страна на вработените во училиштето). Во последниве неколку дена, мислам дека единствено обезбедувањето не им предаваше на овие деца...

ЗОО писма на читателки

Веројатно и не е некој престиж да си чувар или вработен во Зоолошката градина во Скопје, ама па зарем до толку не може да се крене нивото, сепак ова е Зоо-градина во главен град, на пример, да се најават високи казни, да се примаат волонтери, да се земе нешто да се сработи?

Писма на загрижени читатели

Никој нема да ни биде крив и никому нема да можеме да се пожалиме. Сите ќе ни викаат дека сами си потпишавме, сами се спогодивме и сами ќе треба да си ги голтнеме сите наши песни и стихови изнапишани, уште еднаш да ги презакопаме сите наши дејци и борци за Македонија и сè тоа во утробите наши да ни стои за да не можеме никогаш да го извадиме.