Реакција на писма на читатели

Најсрдечно ја покануваме вашата читателка Лилјана да дојде во просториите на друштвото, и да си го искроисти своето право на клиент, и да побара детален увид во документите за нејзината зграда.

Повод: Писма на форвардирани читателки

Почитуван Трендо,

Одкако го прочитав писмото од форвардиран читател-ка, која се обрака јавно и го споменува името на компанијата ЦЕНТРАЛ СИТИ ИНВЕСТМЕНТ ГРУП АД Скопје, со цел да не оцрни во нашата работа и да приложи невистинити факти во отвореното писмо кое го испрака до вас, би ве замолил да се објави демант на истото во кој ке бидат разјаснети неколку факти кои читателот ги напишал а потоа и ги образложил во писмото.

Имено,

Во врска со вашето писмо на читателката Лилјана кое вашиот медиум (портал) го има објавено на 29.03.2019 Година.

Компанијата ЦЕНТРАЛ СИТИ ИНВЕСТМЕНТ ГРУП АД Скопје (ИНВЕСТМЕНТ ГРУПАЦИЈА АД Скопје), е основана 2016 година со мешовит капитал односно компанијата е акцинерско друштво каде што има број на акционери кои раководат преку управниот и надзорниот одбор на компанијата, и истите назначуваат и разрешуваат директори, управители и прокуристи на компанијата.

Инвестмент Групацијата АД Скопје брои 25 вработени на територија на град Скопје како и 10 вработени на територијата на град Куманово каде што иститата обавува услуги за управување со станбени објекти.

Компанијата работи управувачки дејности во случајот упавување на станбени објекти со лиценца издадена од регулаторната комисија за домување со број.0801-402/3, која за да му биде доделена на еден оператор истиот треба да исполни конкретни услови кои се строго регулирани по закон и истите треба да ги одржува во текот на траењето на лиценцата односно подлежи на редовни контроли од Регулатроната Комисија за Домување на РСМ.

Воедно одтука системот на контрола на овиее компании односно оператори кои работат во делокругот на управувањето со станбените објекти на територија на СРМ, подлежи и на општинска контрола преку соодветен инспектор за домување кој ја следи работата на операторите и дава инстукци и показатели доколку се појави одреден проблем во нивното работење, како и бара на увид документација односно (Сметки, договори, фактури) која истиот ја прегледува и носи заклуичок кон извршениот надзор, а при утврдена нерегуларност во работата истиот инспектор има должност да донесе соодветна мерка/казна и да го задолжи операторот во опрделенм рок нерегуларноста да ја отстрани, а во спротивно операторот би подлежел на парични казни кои ги утврдува законот за домување на СРМ.

Согласно горенаведеното, компанијата и секторите кои функционираат во истата, мораат редовно и регуларно да ги извршуваат своите обврски кои произлегуваат од сервисирањето односно одржувањето на станбените објекти, редовно да ги подмируваат своите давачки , како и давачките према трети лица во корист на станарите, и да даваат редовни извештаи за нивната работа која дополнително подлежи на внатрешна контрола од самата компанија преку систем ИСО 9001-2000 за стандарди при работењето.

За крај,

Најсрдечно ја поканиуваме вашата читателка Лилјана да дојде во просториите на друштвото, и да си го искроисти своето право на клиент, и да побара детален увид во документите за нејзината зграда.

Ваквите и слични невистини кои намерно или ненамерно поради недоволна запознаеност околу работата на компаниите кои вршат услуги во делокругот на одржувањето на објекти се јавно изнесени и го нарушуваат угледот на нашата компанија, а без притоа да биде дадено рационално обрзаложение или документ кој би ги поткрепил кажувањата ке бидат сериозно разгледани од страна на менаџментот на компанијата и за истите ке биде побаранаа соодветна правна помош како би се спречила сериозна штета врз угледот и работата на компанијата.

Со почит,

ИНВЕСТМЕНТ ГРУПАЦИЈА АД Скопје

*******

Почитувани,

Во вашиот допис за демант може да се нарече само делот за бројот на вработени. За жал, наместо да се фатите за суштината на проблемот, дали сметките се уплаќани или не, вие сте решиле да ни ја објаснувате поставеноста на системот. Поставеноста на системот можеме да ја дознаеме читајќи закони и одредби со кои некоја област е регулирана. Овде беше посочена евентуална ДЕВИЈАЦИЈА на таквиот систем, но за тоа, во вашата опширна реакција нема ниту збор.

Не ве познавам ни вас ни Лилјана и немам никаква причина да бидам пристрасен кон некоја страна. Го објавувам вашиот допис во целост, меѓу другото и за да можат читателите сами да сфатат како сте ја пропуштиле шансата да ги демантирате тврдењата на Лилјана со конкретни аргументи (углед на една фирма така најдобро се штити). Освен ако не менаџирате премногу (нови) згради во општина Центар (со кои работите две години), па сега не сте сигурни за кој случај се работи.  

секое добро,
Т.

п.с. Едно инфо, корисно за разбирање на писмото на Лилјана.

2 април 2019 - 08:57