Писма на европски велешани

Конкретниот проблем за кој сум испровоциран е комунален, лесно решлив и трае ни помалку ни повеќе - 30 години. Се работи за улица во Велес, заборавена од Бога (замислете, во центарот на Македонија). Ни едните ни другите политичари овие изминати 30 години не земале да ја асфалтираат па ај си реков сега пред референдумот ќе покренам барање за санирање.

Бидејќи нашиве политичари и оние за и оние против, устата им се пенави кога зборуваат за 'Европска Македонија', 'Напредна Македонија', 'Успешна референдумска Македонија' ...... не знам каква Македонија, а притоа се однесуваат во цела спротивност со европските вредности и принципи, па од нивното неработење и не извршување на работата за која биле избрани од граѓаните (вклучувајќи ме и мене) се случуваат работи на кои секој нормален му се гади, сосем нормално е човек да изреагира на бунтовен начин и да го изрази своето мислење на содветен начин .. во мојов случај преку писма на читатели.

Имено, ако никој од нас не си го исчисти подрумот, и ако луѓето внатре од државата не си ја сработат работата за кои се избрани, никогаш, повторувам никогаш и никој т.е ниедна организација па ни ЕУ нема да не опраи. Ако секој не си ја извршува работата за која е избран и ако има вистински луѓе на погрешни позиции и погрешни луѓе на вистински позиции тогаш на хаосот ќе му нема крај. Ако некој си Заев, Ахмети ...Груевски ...си тера свој башибозук низ институциите преку своите партиски вработени поданици тогаш очигледно е дека ниту ќе имаме европски вредности ниту припаѓаме онаму каде што мислиме дека сме тргнале.

Конкретниот проблем за кој сум испровоциран е комунален, лесно решлив и трае ни помалку ни повеќе - 30 години. Се работи за улица во Велес, заборавена од Бога (замислете, во центарот на Македонија). Ни едните ни другите политичари овие изминати 30 години не земале да ја асфалтираат па ај си реков сега пред референдумот ќе покренам барање за санирање бидејќи од поројните дождови е во катастрофално лоша состојба. Наместо да делат брашно, зејтин, пари и слично за гласањево како што правеа досега јас бев будала да поверувам дека ќе се надминат себеси и европски ќе одговорат со санирање на улицата бидејќи во ЕУ. нели. нема неасфалтирани улици.

Па така тргнав по институционален пат со 'европско' барање до 'европскиот' граѓански сервис центар во Велес. Барањето е поднесено на 6ти Септември и сè уште трета недела е во фаза на разгледување. Број на барање и линк до одговорот http://veles.gov.mk/gsc/baranje.php?id=1689

Како може цели три недели барањето да се разгледува, да нема никаков одговор, да не се излезе на терен? Вака ли ќе одиме во Европа? После 2 дополнителни мејлови сеуште немам одговор. На следната дебата кога сите политичари ќе се пенават за името, ќе треба да го земам камшикот од ЕУ за да се асфалтира улицава. Тек после тоа како мали деца да ги построиме за да ги научиме на основните ЕУ вредности.

Во прилог е не асфалтираната улица подолу. Сигурно има вакви и во Европа и ги чуваме за да бидеме сродни со неа откако ќе влеземе во тоа друштво.

А да, за рефрендумот ќе гласам европски' колку што е 'европска' улицава. т.е нема да гласам.

Поздрав,
Трајче

26 септември 2018 - 14:35