Писма на центарски читатели

Кој ви ги купува бе становиве? Како ќе идете на работа бе вие што ќе ги купите? Кај ќе ги запишете децата у градинка у школо? Како ќе излезете од влез, на улица ли? Како ќе серете бе, па све ова се гради на инфраструктура од 1920 година.

Да му ебам матер ако последното место за жалење и плачење е вашава територија. Ама е. Дека тоа инспекторите и сите засегнати у оваа глупост, мораторим им е двор им е. Зборувај ми за мораториуми и дозволи и гупови и дупови општино Центар.

На местото на оваа грдосија имаше 3 куќи изградени некаде 1920 година. Многу пред овие силеџииве да бидат размислени. Нејсе. Нормално во тие 3 куќи имаше 3 семејства. Нормално со 3 тоалети и нормално, скроз скопски со 3 коли.

На местото на трите куќи, што мислам дека ако се изградени тогаш, не би требало туку така да се продадат на ова олошов граџевински алчен до немајкаде, него ај тоа уреду.

Немале излез семејствава, кузнае каков дршнедај било, продале куќите и сеа ќе лапаат по 2 стана (мизерни/прекрасни) и можда дуќан.

Мене друго ми е: малце ли е бе на местото на куќа со висина 5 метри да дозволиш овакво срање на 8 спрата. Тоа горе дека не го прават, значи дека уште немаат дозвола, ама ќе ја добијат. Ќе. Ја. Добијат. Сеа малце им се 8 спрата па и тие 3 метри од тротоарот да се земат ли бе? За тие три ли е дојдено бе?

Кој ви ги купува бе становиве? Како ќе идете на работа бе вие што ќе ги купите? Кај ќе ги запишете децата у градинка у школо? Како ќе излезете од влез, на улица ли? Како ќе серете бе, па све ова се гради на инфраструктура од 1920 година.

Улица Ленинградска. Можеби единствената улица со дрворед во Центар. Може и тој ќе го средат коа ќе носат гас.

Виктор

п.с. Коа сум тука, ебави гасот, НЕ НИЗ ВОДНО! Абе една канта нема во градов бе! Тие 4 што ги има, не мора еднаш неделно да се празнат. Ај пробајте еднаш на 2 дена. Едно јавно вц нема. Народ сере и моча по ќошеви у Центар. Тоа комуналецот не научи да ги затвара тие новите контејнери зелени, кои имаат такво културно ако се затворени, со нога да ги стиснеш. Што ако има контејнери за селекција на отпад ако еден камион ги собира сите...Подземни сообраќајници ќе праеле..

5 септември 2018 - 12:08