писма на читатели

Апдејт за шахтата

Џабе галама и кенкање. Треба самоиницијативност и со пример да им се покаже на институциите дека треба да мрднат со газот, па потоа тоа и ќе го сторат (ОК и јас се зезам, газ мрдаат само кога ќе им се здрви во фотеља).

Тема: Шахтата која тропа 24/7

Џабе галама и кенкање.

Треба самоиницијативност и со пример да им се покаже на институциите дека треба да мрднат со газот, па потоа тоа и ќе го сторат (ОК и јас се зезам, газ мрдаат само кога ќе им се здрви во фотеља).

ПРОБЛЕМОТ Е ДЕЛУМНО РЕШЕН од станарите на соседните згради - секоја вечер некој го вади капакот од шахтата и нема веќе галама, луѓето си нанаат на раат.... сè додека не ги разбуди некоја кола кога ќе се збрца во шахтата, ама па и тоа може максимум еднаш на вечер, така што ОК си е сè.

поздрав,
јн

22 април 2019 - 10:00