Здраво Трендо,
Се одлучив да ти пишам бидејќи примајќи ја својата дневна доза сеир налетав на овој пост на еден од најголемите македонски анти-таленти, Миленко Неделковски. За мене лично како познавач на оваа област, овој пост е подеднакво смешен како и неговите глупости за Рамна Земја.
Разликата е во тоа што налудничавите теории за рамна земја нема да наштетат никому, но ова елементарно непознавање на тоа како функционира Интернетот, комбинирано со генералната глупавост, имбецилност и злоба на дотичниот, а бога ми и целата негова публика (се надевав дека барем еден единствен ќе се најде во коментарите да му каже колку е глуп, ама не) - има вистински шанси да наштети некому.
Еве за што се работи (види закачени скриншоти) - горенаведениот МОРОН научил да инсталира одреден Wordpress plugin за security кој очигледно му дава основни статистики за посетеноста на неговиот сајт, а воедно и за блокирани сомнителни пристапи (не сум најубеден ни дека се напади како што тој ги прикажува, но ајде нека му биде, не е воопшто важно).
Нашиот гениј кликал, кликал и стигнал до некаде (којзнае каков ЕУРЕКА момент имал тогаш) и добил нешто што ќе ги задоволи неговите крволочни пориви. Тој мисли дека го открил "напаѓачот" на неговиот сајт со име, презиме, имејл и адреса (!?) и горд на своите детективски сајбер-способности решава да ги објави на неговата ФБ група, посебно нагласувајќи го името и презимето на перпетраторот кој се дрзнал да го напаѓа доста популарниот, а бога ми и влијателен, сајт - Дудинка (wtf е со имево, ама тоа е друга приказна).
Проблемот е што тоа што тој го открил (верувам досега веќе одамна ја сфати поентата, но јас да си кажам) - е всушност името на некој кутар мрежен инженер од ВИП кој е пишан таму како одговорно лице.
Нашиот генијален идиот стигнал само до провајдерот (ISP) на тие кои го "напаѓале" неговиот сајт и до адресата на ВИП, одговорното лице со име, презиме и имејл. btw истово срање го имаше направено и пред 2-3 недели за Телекабел, исто така посочувајќи некој си таму ни крив ни должен.
Донекаде и разбирам, како би му било јасно на ваков лик дека за да дознаеш кој ти јаде бурек зад некоја тастатура ти треба судски налог, па да одиш до неговиот ISP па тие да ти кажат кој точно стои зад таа IP адреса.
Па како што гледаш, прекрасната негова публика, полна интелектуалци, одма почна со навреди и пцовки, а не би ме изненадило и ако некој од нив го сретне кутриот мрежен инженер и го нападне( физички или вербално), или му прават сајбер-булиинг, или можеби децата на некој од овие Ајнштајни одат на училиште со децата на овој од ВИП, па знаеш што èе е можно кај нас.
Поентава ми е - се надевам дека Офф.нет ќе застане на страна на правдата и ќе го обрука јавно овој отпадок на општеството и можеби ќе прочита или ќе му кажат па ќе престане со вакво јавно напаѓање невини луѓе.
Кокс