Аристократски писма на читатели

На некој начин, голем дел на проблемите во Македонија, со се име и сè, се сведуваат токму на постоењето на општествена (либерална) аристократија, која не учествува во никакво производство, туку се финансира од буџетот.

Ми се чини дека веќе пишувавте за новата американска аристократија (пишувавме - н.з.) а еве добро и кратко интервју со авторот

На некој начин, голем дел на проблемите во Македонија, со се име и сè, се сведуваат токму на постоењето на општествена (либерална) аристократија, која не учествува во никакво производство, туку се финансира од буџетот.  Таа позиција ја имаат од времето на "тајните служби", а полека ја губат.

Токму производителите, јако оданочени, се или небањатите или простите скоројевиќи, кои ете, воведуваат суров капитализам, па треба да се под јака контрола на "државата" (читај аристократијата).

Аристократијата, иако декларативно на цел глас вика како нецивилизираното племе е тоа кое кочи кон Европа, всушност последно што и е на ум е да ги отвори образоанието и културатa кон "народните маси". Со тоа би ги загубиле позициите кои се пренесуваат аристократски од татко на син, а не се во директна корелација со финансиската моќ.

Слично се случувало во Турција, на пример, низ 20от век, и тоа заврши со жестокиот популизам на Ердоган. До следниот филм, до следниот државен удар од либералната елита. Египет е слична приказна. Фактички скоро сите бивши османлиски земји.

Македонија, иако деновиве се занимава со наметнатата димна завеса наречена име, ако е паметна, ќе се симне од нишалката помеѓу популизмот и либералниот елитизам. Токму таа нишалка е јаремот во кој се наоѓа земјата.

Илија

18 јули 2018 - 14:17