Еве во 21 век каде учи моето дете и децата на сите мои пријатели од населба.
Ова е училиштето во населба Лисиче, "Димитар Македонски", кое буквално е пред распад. Децата ни учат во руинирани бараки од пред 50 години, летоска падна кровот во салата (среќа никого не утепа), пред 1 месец имаше и хаварија во библиотеката (среќа и тука никого не утепа полица со книги), двете ВЦ-ња од сликите смрдат на урина и фекалии итн.
Претходниот Крадоначалник два мандати лажеше дека ќе се гради нова зграда, некаде пред крајот на неговиот втор мандат истата беше почната и така остана во периодот на изборите и година дена после тоа.
Пред една година конечно тргнаа работите, се направи карабина за ново училиште, си реков Зградко Марин и Министерство за Образование се сетија на населбата Лисиче, онаа знаете на само три километри од центарот на главниот град, и јас (и сите луѓе од населбата што ги знам) бевме пресреќени, конечно децата ќе ни учат во нормално училиште.
Арно ама, се дојде до кровот! И тука запна работата. Правење на кров од греди и лим да ти било "mission impossible" во земјава. Три пати досега на кровот се ставаат греди и се вадат, небаре вселенска станица прават таму горе.
Ама не било до тоа посекако, сите знаеме до што е, најверојатно изведувачот е ангажиран од претходната власт, па овие "ние не сме како претходните" немаат како да лапнат некоја провизија!
И сега ШУ ПРАЈМЕ А? Еве вас ве прашувам, а имам во пријатели доста луѓе подржувачи на оваа власт, дури имам и луѓе вклучени во самата влада и општина?
Ќе имате ли доблест да го средите училиштево бе луѓе? Не ли ви е барем малку срам децата да ни учат во ваква руина? Треба "не дај боже" да му стане нешто на некое од децата па да ви текне или?