Претходно: Писма на европски велешани
******
Бидејќи сагата со велешката улица која треба да се асфалтира сè уште продолжува без некаква успешна разврска а и бидејќи сакам да останам доследен на „TO BE CONTINUED“ делот од претходното мое писмо, сметам дека јавноста а пред се читателите на off net треба да бидат информирани дека нема никаков апдејт за проблемот откако истиот е пријавен. Ни позитивен, ни негативен. Абе точно за во Европа сме.
Види богати, за локален проблем пријавен на 07 Септември 2018 пријавата сè уште се разгледува. СÈ УШТЕ СЕ РАЗГЛЕДУВА! Небаре е каменот од розета па треба симултан превод од вонземјани за кои ни Миленко ни Елон Маск не можат да ги најдат. Yet.
Изгледа дека "Пријавата се разгледува" е новото "Колешката е на пауза".Па Жане од кадрово да беше, ќе ги лизнеше прстите со кои удрила желба во филџанот турско кафе со остатоци од кармин, ќе стругнеше остро во тефтерот, ќе скинеше лист и ќе напишеше одговор во хартиена форма. И ќе го испратеше по пошта. ДА или НЕ, тек да сме на чисто!
Уште еднаш линк до барањето. Моја претпоставка е дека го разгледуваат од повеќе агли. Можда од паралелен универзум или од некоја подалечна димензија.
http://veles.gov.mk/gsc/baranje.php?id=1689
Нејсе, сакајќи да си докажам дека не сум во право и дека општината и нашиот градоначалник Аце Коцевски си ја работи работата како што треба, прочепкав да видам кои се активностите на оваа локална самоуправа (оние кои јавно ги објавуваат - или барем се трудат да претстават дека наводно се случиле) и увидов дека покрај партиски вработувања, небулозни акции от типот 'Музичка точка во салата на општината', садење дрва (акција која ја критикуваа кога не беа во фотелји), промоција на некакво домаќинско работење (сите домаќини газат по калливи улици - што повеќе тоа подомаќински?) имаше и активност "Собир за одржлива урбана мобилност", ни помалку ни повеќе - во Љубљана, Словенија. Слики и пост во прилог:
Сега мене конечно ми стана јасно дека нашиот пресветол градоначалник се жртвува себеси за да ни овозможи на нас ВЕЛЕШАНИ подобра урбана мобилност. Откако нели, ги реши сите комунални и урбани проблеми (улици, тротоари и патеки), сега тој ќе се ангажира и на овој аспект од градскиот и урбан живот. Замислете, сите тие службени патувања, шофери, дневници, хотелско сместување за тимот на конференции и собири навистина знаат да бидат ицрпувачки и за градоначалникот и целата општинаска администрација на град Велес која обично дреме и спие додека тој сиротиот се труди да им донесе нови искуства и ним и на нас граѓаните, па така НЕМА ДА СЕ НАЈДЕ НИ ЕДЕН ПАМЕТЕН, да одговори на барањето од погоре. Ги разбирам, не е лесно да се разбудиш од зимски сон. Особено кога си на државна цицка во вукојебина наречена Македонија во која цел народ макотрпно се бедира цели 27 години а општинарите како највисок вид на цицачи се наоѓаат на врвот на ланецот на неспособноста и се синоним за непокор кон РАБОТНИТЕ НАВИКИ, макар тие биле и обичен одговор на барање кое по службена должност треба да е одговорено.
Замислете како градоначалникот го споделува своето искуство и начинот на кој ги решава проблемите во својот град, објаснувајќи им на таму присутните дека калливите улици се ИН, дека тоа е клучот за 21 век и како не треба да одговараат на барањата на граѓаните.
Уште еднаш урбаната мобилност во Велес на делo:
Мало сме ал смо говна. И багра неспособна.
Поздрав и до следно читање,
//Трајче