Неочекувани писма на читателки

Значи, не сум те читала воопшто Офф нет, но знаев дека постоиш. Сосема свесна на угледот и славата на твоето постоење. И ете, после сите бродоломи - приватни, општествени, светски... минатата зима легната во кревет и долго зјапајќи во плафон (друга одлика на нас од "старата школа") трудејќи се да го разберам светот сега и злото во него, се фатив после за мобилен и ете од нигде-никаде, те отворив тебе! За првпат! 

Почитуван и сакан Офф нет!

Тебе не ти е прво, а нема да ти биде ни последно писмо адресирано до тебе, полно, преполно со благодарност и воодушевеност на твоето постоење. 

Но мене ми е прво вакво писмо. Гледај го како писмо на обожавател и одвои време да го прочиташ, ако ништо друго барем од почит дека човек со поминат пола век пишува "фан летер". А и не ми изгледаш од оние што "немаат време".

Знаев дека постоиш децении наназад и знаев за твојот шармантен и шашав однос, но сега знам и за твојата сериозност и за "неискварената" храброст во ширењето на очигледните вистини, особено важни во кризава на цивилизацијава, но и за Македонија. Толку е се очигледно, а сепак дозволивме ние, плебејциве, да бидеме влечени за нос и да бидеме благодарни и горди на тоа влечење, мислејќи дека така треба. Кога станавме волку глупи? 

Значи! Да се вратам на тоа што сакав да ти го кажам, драгоцен Офф нет, ќе ми простиш пошто јас, од "старата школа" така сум учена и така милувам, да ги ширам моите спирални мисловни траектории што во денешно време е минус, бидејќи денес сè треба да е кратко и јасно, нели. И за времето нè лажат дека е многу кратко и со тоа самото време стана скапоцена вредносна мерка. Но јас од старата школа уште си го негувам, барем во вакви епистоларни форми се трудам да ги негувам квалитетите на тие ментални ширења и да успевам со виталноста на човек од старото време да се враќам на почетокот (барем така си мислам) 

Значи, не сум те читала воопшто Офф нет, но знаев дека постоиш. Сосема свесна на угледот и славата на твоето постоење.

И ете, после сите бродоломи - приватни, општествени, светски..минатата зима легната во кревет и долго зјапајќи во плафон (друга одлика на нас од "старата школа") трудејќи се да го разберам светот сега и злото во него, се фатив после за мобилен и ете од нигде-никаде, те отворив тебе! За првпат! 

Светилникот на здравиот разум! 

Те читав и те читав и те читав и те читав. Како да сум влегла во библиотека ама не одам со онаа споредба на александриската, туку полично - ме однесе во моите никогаш заборавени посебни сеќавања кога одев како дете во библиотека и сама одев меѓу полиците за книги каде што се чуваа сите детски книги. 

Многу моќно и волшебно, Офф нет!

Стварно би сакала оваа моја асоцијација да ти ја долови ако ништо друго важноста на твоето постоење и воодушевеноста од твојата истрајност... што ете, и друг ја видел твојата Светлина на здравиот разум. Твоето исмевање и шегобијни закачки за монструозноста во политиките особено кај нас, е тука е твојата огромна важност во спасувањето на нас давениците изгубени во темнините на морето на заблудување, лажење.

Сигурно не ти било у план да ни го канализираш насобраниот гнев од немоќта да ги исплукаме у лице злобните и глупите, али ете баш со тој твој став си спасил кузнај колку животи на луѓе да не развијат рак, да умрат од инфаркти, од мозочни удари.

Споделувањето на текстови од регионов и од светот, е тоа е твојата благородна мисија дека не е сосем трул и зол целиот свет. 

Многу ми е топло и надежно дека на мајчин јазик го читам сето тоа!

И од лани зимата не сум те оставила на раат :)

Ме спасуваш во "глувото доба", кога плутам во некои меѓузони на јавето и на мртвото, кога тонам во чудни состојби како нашите праисториски претци - необјасниви и натприродни, али измешани со г'нсниов отпад од денешницава. Гадно, ха?

Така да, фала ти, Офф нет! 

Твојата верна Ирма Веп од ѓубриштето!

**********

22 септември 2025 - 15:09