Offside

Некогашниот македонски репрезентативец Илија Несторовски кој врвот на кариерата го имаше во италијански Палермо каде од коло во коло даваше голови против големите италијански клубови, сега после неколку повреди се врати во Хрватска од каде го трасираше фудбалскиот пат. Игра за Славен Белупо и тоа како игра.

Мајсторија на Трајковски од слободен удар

Македонските интернационалци се расположение за голови викендов. Стефан Ристовски и Агон Елези стрелаа во БиХ, Александар Трајковски во Хрватска. Локомотива Загреб го доби Осијек со 3:1, точка на мечот стави Трајковски со прекрасен гол во 83. минута.

Ристовски и Елези голгетерски во дресот на Сараево

Стефан Ристовски и Агон Елези стрелаа за Сараево во 22. коло од босанскиот фудбалски шампионат. Македонските интернационалци го решија Посушје во рок од 18 минути. Ристовски го отвори резултатот во 15-та, а Елези зголеми на 2:0 во 33 минута.

Свесен си дека ги пензионираше така?

Нека ги извади тренерот и двајцата од игра, бидејќи ќе страдаат од кичма и колено, но и моралот ќе им падне после ова.

На екскурзија во четврто вака правевме

Навивачка средба Њукасл - Сандерленд, ама преку стакло.

Утепа ли се бато?

Неемијас Кета од Бостон Селтикс преживеа, да не се секирате.

Џокер за 10 години во НБА веќе има статистика за во Куќата на славните

Српскиот феномен кој ја промени кошарката, вчера наполни 31 година. Страшно изледаат овие бројки до сега. Замислете ако игра уште 10 години.

Австралиска репортерка начукана известуваше од Олимпијадата па се извинуваше

„Цената на кафето овде е всушност добра... всушност, тоа е цената на кафето во САД на која мора да се навикнеме... Не сум сигурен за игуаните? Каде одиме со тоа?“ , почна новинарката Даника Мејсон, која потоа во следното вклучување се извини за гафот во живо.

Денеска требаше да наполни 57

Синиша Михајловиќ (20.2.1969 - 16.12.2022)

Нориаки Касаи, шампион за долговечност со 8 олимпијади

Има 53 години, скока од 1988-ма, а знаете што е најинтересно? Уште скока, но не успеа да обезбеди настап во Милано и Кортина.

Навивачите на Лил со бакљи ги гаѓаа своите играчи

Револтирани од уште еден пораз на својата екипа која игра очајно и не знае за победа уште од средината на декември, навивачите на Лил по поразот 0-1 од белградска Црвена звезда изгубија трпение и бесни ги гаѓаа фудбалерите со бакљи и петарди.

Ремек делото на вечерта дојде од мајсторот од Фиренца

Фиорентина заврши голема работа околу пласманот во осминафинале во Лига на конференции откако со 0-3 ја декласираше полска Јагелонија на гости. 28-годишниот италијански репрезентативец Роландо Мандрагора постигна пре-прекрасен гол од слободен удар!

Кошаркари на Бостон и Голден Стејт ко магариња на мост

НБА лигата се врати на голема врата по одморот од неколку дена после натпреварот на сите ѕвезди. Во дербито на вечерта Бостон Селтикс го совлада убедливо Голден Стејт 121-110. За „воините“ на овој натпревар играше поранешниот играч на Селтикс Криштапс Порзингис кој постигна 12 поени за 17 минути. Во еден момент се фатија со најефикасниот кај Бостон Пејтон Причард (26 поени, 6 скока и 7 асистенции) и не ја пуштаа топката.

Шведски пратеник на колото

Во една од седниците на Собранието во Шведска, за време на своето излагање, пратеникот Микаел Дамберг направил феноменална паралела со работењето на тамошниот министер за финансии со работата на Тотенхем Спарс. Вика имаат пари, имаат најубав стадион, имаат огромна база навивачи, имаат сè што треба, ама немаат резултати и се борат за опстанок во Премиер лига.

Каков беше првиот гол на Мбапе на 17 години?

Килијан Мбапе на денешен ден пред 10 години го постигна својот прв, дебитантски гол во сениорски фудбал. За Монако против Сент Етјен во француска Лига 1. Килијан и тогаш, а и сега 10 години подоцна е експлозивен пред голманите кои ги матира.

Турско навивачко шоу покрај Вардар

Навивачите на Самсунспор, гостувањето во Скопје си го претворија во празник. Славеа победа од 0:1 против Шкендија во првиот нокаут меч од Конференциската лига, а пред натпревар, мирно и без инциденти направија спектакл покрај кејот на Вардар. Дојдоа во голема бројка.

Запознајте го Бодо во 2 минути

Бодо е рибарско норвешко градче со поларни зими кое брои малку над 40.000 жители, нешто како Струмица. Градче со многу душа и чувство за спасување на многу начини. Фудбалски до пред шест години беа никој и ништо. Но откако во 2019-та ја освоија првата титула, Бодо Глимт станаа и европска сензација. Феномен кој ги надигра и победи Рома, Лацио, Интер, Порто, Атлетико, Манчестер Сити. Кај нив колективот е пред индивидуалноста. Чудо од тим.

Самсунспор не го заборава Ѓоре

Турците си заминаа победнички од Скопје, откако ја добија Шкендинја со 0:1 во првиот нокаут меч од Конференциската лига. Во меѓувреме го испочитуваа Ѓоре Јовановски со дрес, кој играше за нив во периодот 1986-1988, а во 2002-ра им беше тренер.

Турска навивачка фешта во Скопје, уште во авион почнаа да пејат

Шкендија и Самсунспор вечерва испишуваат историја, бидејќи за пат ќе играа нокаут натпревар во Европа во рамките Конференциската лига. Гостите ќе имаат солидна поддршка од нивните навивачи кои се ептен расположени за песна и навивање. Се зборува дека ги има околу 1.000

Јокиќ во интервју ја реши дилемата: коњски трки или НБА прстен?

Лидерот на Денвер Нагетс, третопласираниот тим на Западната конференција, во разговор со најпознатата новинарка специјализирана за кошарка Малики Ендрјуз од ЕСПН, раскажа интересни работи.

Како Ивко Панговски стигнал до интервју со Кирк Даглас на ЗОИ Сараево 1984?

Познавате ли некој друг наш новинар кој седел на маса со легендарниот холивудски актер, пиеле виски и снимил интервју долго 4 и пол часа? Дрво се направил Даглас.

Кошаркарскиот интелект на Никола Јокиќ

Во една прилика Леброн Џејмс додека пофално зборуваше за трикратниот МВП на НБА Јокиќ, изјави дека на страна сите статистички параметри на Србинот, на паркетот тој прави нешта што гледачите не можат да го видат во пренос. „Секогаш кога мислиш дека го имаш, тој ќе смисли нешто ново“.

Акцијата на Бодо Глимт која го шашардиса Интер

Норвешкиот претставник Бодо Глимт со една нога е во осминафинале на Лига на шампиони откако синоќа убедливо го совлада Интер со 3-1 (во реваншот ќе играат без капитенот Лаутаро Мартинез). Бодо Глимт во својот состав има верувале или не 15 Норвежани, 5 Данци и еден Русин. Играат автентичен, скандинанвски брз фудбал. Го турија Интер во шише.