Offside

Очекувањата биле да достигне цена од 10 милиони, колку беше продаден дресот.

Не можеш НЗС да му најдеш на дуелов

Го имаме веројатно најциркузантскиот дуел на колото на мечот Астон Вила - Лестер. Вилфред Ндиди прво успеа г`зот во фаца да му го запели на Џек Грилиш, а потоа лошо да изглуми и да легне на трева со една поза која е типична за нешто друго.

Ракетна тројка на Немања во последна секунда за победа над Хјустон

Во ноќта меѓу понеделник и вторник, Сакраменто Кингс со 119:118 победи еден од фаворитите за титулата Хјустон Рокетс, со кош со звукот на сирената од девет метри на Немања Бјелица.

Зарем овој може да се нарече тенисер?

Катар викендов беше домаќин на ИТФ турнир од оние пониско рангираните каде паричниот фонд изнесува 15.000 долари. Сè е тоа во ред и треба да постојат и такви за да стекнат искуство помладите, ама кој ли го пуштил тука Украинецов Артем Бахмет?

Еден вообичаен прес кога ќе заѕвони мобилен пред Клоп

Во една ваква ситуација никој не очекува ни помалку ни повеќе од царот, туку најнорамлна реакција во негов стил. Звони мобилен на новинар, а Клоп му вели: „Те бара Принцезата Лесли Лу. Ми се допаѓа“.

Слаломот на Сон со два параметри

Јужнокореецот викендов на средбата Тотенхем - Барнли 5:0, постигна гол кој со децении ќе се врти на разни топ листи во Премиер лигата. Да се потсетиме како тоа изгледаше, ама со два подотоци за лудоријата: Брзина на движење и поминати метри.

Не ти Бакајоко, Кеита треба да излезе

Тимуе Бакајоко од Монако ја изнасмеа викендов цела Франција, а и пошироко. Монако прави измена и го вади од игра играчот со број 14 Кеита Балде. Но за измена се јави Бакајоко со број 6 кој претходно ја носеше 14-та и уште не е навикнат на новиот број. Си се изнасмеа самиот на грешката.

Голманот на Вардар славеше со Комити како ултрас

Вардар и Шкендија викендов одиграа возбудлив натпревар кој заврши 2:2. Дербито мина во знакот на Комити кои прославија неколку јубилеи: 20 години Лолај Фанс, 10 години братство со Војдови, 5 години Комити Маџари, но и есенска титула за Црвено црните. Филип Гачевски беше во елемент.

Спектакуларен гол на Пандев од скоро пола терен!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација игра неверојатен фудбал. На денешниот меч против Лече на гости, постигна фантастичен гол за водство на Џенова, а подоцна имаше и асистенција за пеналот со кој неговиот тим зголеми на 0-2. Сепак подоцна, во само четири минути во вториот дел (од 73 до 77) Пандев доби два жолти картони (еден поради симулирање прекршок, а вториот поради фаул) и беше исклучен. Лече на крајот израмни на 2-2.

Лудиот гол на Суарез поради кој Камп Ноу се држеше за глава

Голманот на Мајорка 5 пати ја вадеше топката од својата мрежа. Лионел Меси со 3 убави гола и нов хет-трик ја прослави Златната топка, ама моментот на вечерта го „украде“ Уругваецот.

Меси извини, ама ова е голот на полусезоната

За само 32 минути Тотенхем му ја наполни мрежата на Барнли со три гола. Третиот погодок, кој го даде Кореецот Сон, долго ќе оди по најавните шпици.

Прекрасен гол со волеј на Алиоски

Лидс Јунајтед има 0:1 по 50 минути игра на гостувањето против Хадерсфилд со кои ќе се врати на лидерската позиција во Чемпионшип. Голот е дело на Џани на кој ептен добро му легна на прва после еден изведен корнер. Ова е трет негов сезонски погодок.

Скопје спремај се за Светско, доаѓаат 500 фудбалери и илјадници навивачи од цел свет

Штом македонските институции креваат раменици, нека отворат Офф.нет за да дознаат што е муабетот со првото Светско првенство во фудбал кое ќе се игра замислете на Градски. 16 селекции ќе спијат во ист хотел, а зошто Скопје ќе ви каже Саша од Келн кој инаку бил на дербито Вардар – Пелистер.

Кога ќе ги изневериш своите и ќе завршиш кај ривалот

Заедно беа дел од епските моменти на клубот вкупно 9 сезони во кои освоија 15 трофеи од кои 5 титули во Премиер лига и една ЛШ. Шмајхел си замина во 1999-та за да се проба во Спортинг, а потоа се врати во Англија, прво во Астон Вила, а потоа кариерата ја заврши во Манчестер, ама во Сити, не Јунајтед.

Те фати камера бе слепец

Во наше време, а колку што знаеме така е и сега, пред утакмица одиш да се загрееш малце во Дебар Маало и тоа е тоа, пошто таму само семки може да внесеш. Во Англија и Германија обично пиво се купува на полувреме. Ама ова е Јужна Америка, а ова е фан на Ривер Плејт кој не е само по белиот дрес.

Косово пред драконска суспензија, Македонија добива нов противник?

Според хрватскиот портал Индекс.хр, УЕФА и ФИФА би можеле да ја суспендираат косовската фудбалска федерација, поради сериозно мешање на политиката во овој сојуз, што експлицитно се санкционира од двете кровни фудбалски организации.

Ајвази со хет-трик и донесе победа на Водовод над ЕЛЕМ

Екипите на Уни Банка, ЈП Водовод и Сава Осигурување со победи го заокружија 10. коло од Бизнис лигата во Македонија.

Никогаш доста од Феноменот

На Меси и на Кристијано им се поклонуваме, а вистинскиот Роналдо уживаме да го гледаме. Бразилецот во Италија играше за Интер и за Милан. За првите постигна 49 гола на 68 меча а за вторите 9 на 20. Неговите потези ќе останат засекогаш.

Раче памуче

Маркус Ериксон е шведски кошаркарски репрезентативец кој игра за германска Алба. Има 26 години и важи за еден од најпрецизните тројкаши на континентот. На еден од последните тренинзи во германскиот клуб погодил 254 од 259 тројки. Луда работа.

Меси нема смисла ова, дерман немаат

Шалата на страна, право уживање е што сите сме современици со најдобриот фудбалер на сите времиња, човекот од друга планета кој пред некој ден по 6-ти пат ја доби наградата Златна топка која се доделува за најдобриот играч на светот. Еве што им прави на колегите на тренинг кога не го гледаат многу луѓе.

Го видовте ли најчудниот гол на полусезона во Премиер лига?

Минатиот четврток, Џонџо Шелви, најдобриот играч на Њукасл, стана херој на мечот против Манчестер Сити, а во четвртокот вечер против Шефилд го даде најчудниот гол на сезоната.

Еднаш и на Златан да му го спуштат и тоа во болна точка

Има една `рчка меѓу двајца познати играчи од поодамна, која и не помина така наивно бидејќи едниот во болница заврши. Толку се заебани карактери што уште се јадат преку медиуми. Овој пат Ибра тешко дека ќе има подобра реплика.

Законот е еднаков за сите или не?

Ова е како прошетка во парк. Судиите го гледаат и не реагираат. Тоа е кога сте крал, гласи еден од коментарите на Твитер за овој недозволен и несанкциониран потег на Леброн.

Кај ви текна бе цареви?

Е ова е спрдња на денот, а не цел ден да се гњавиме со насловната на Кориере. Погледнете ги колку знаат да се забављаат.