Халанд има идол кој ретко кој го памети, а растури во Премиер лига

Норвежанецот Ерлинг Халанд е најголемо откритие на сезоната. Интересен е за медиумите како нова ѕвезда на светскиот фудбал, па го прашаа да раскаже и за својот идол од детството. А он ги збуни со одговорот.

Станува збор за еден поранешен фудбалер на Свонси и Наполи кој блесна во Премиер лигата но сјајот кратко му траеше поради сериозните повреди на колената па скоро и ја заврши кариерата во шпански нисколигаш.

„Би рекол Кристијано зошто почнав да играм фудбал поради него“ и „Златан за мене е најдобар меѓу најдобрите“ се две фрази на Халанд кои ги натераа новинарите до крај да истераат кој стварно му бил идол од детството.

На крај сфатиле дека имал интересен избор.

Идол му бил Шпанецот Мичу. На стари фотографии на неговиот Инстаграм, Халанд над себе го тагирал официјалниот акаунт на Шпанецот Мичу.

Статистичката агенција Squawka Football поради тоа што Мичу стана актуелен поради Халанд, реши да потсети каква сезона имаше Мичу во Англија.

Во 2012/2013 Мичу на 44 меча постигна 22 гола освои Лига Куп со Свонси и беше избран за играч на годината од навивачите. Така станал човек кој го инспирирал најдобриот млад фудбалер во моментов:

Ерлинг Халанд го ретвитнал овој пост и напишал: „Улицата никогаш нема да го заборави Мичу“.

Преубава приказна. Особено што треба да се знае дека кога Мичу ја играше најдобрата сезона во својот живот и ја импресионираше цела Европа, Халанд имал 12 години и играл фудбал со другарите на улица. Интересно, Мичу како и Халанд денес, беше висок но технички многу поткован фудбалер, левучар кој даваше куп голови.

КОЈ ТОЧНО БЕШЕ МИЧУ?

Овој интересен центарфор стана ѕвезда на Свонси во времето кога Микаел Лаудруп го водеше овој клуб. Во Велс дојде од Рајо Ваљекано за 2 милиони фунти, а веќе во првиот меч за Свонси во гостинската победа над КПР од 0:5 даде два гола и имаше асистенција.

Стана петти најдобар стрелец во Премиер лигата (пред него беа само Бентеке, Бејл, Луис Суарез и Ван Перси) и со три гола (еден во полуфинале против Челси) ја однесе екипата до финалето на Лига Купот каде исто постигна гол против Бредфорд.

Навивачите го избраа за играч на годината, но следната сезона му почнаа проблемите: шпанскиот напаѓач доживеа пар незгодни повреди, а тренерот Лаудруп доби отказ. Летото го дадоа во Наполи каде исто играше слабо - само 7 меча.

Понатаму му се губи фудбалската трага. Отиде да игра во шпанскиот третолигаш Ленгрео па се вратил во родниот Овиедо. Во 2018 година и официјално ја завршил кариерата.

„Овде сум роден, овде израснав, ова е мој град и мој клуб. Најдобар клуб на светот за мене. Ме викаа од Селта и Спортинг Хихон, од Сегунда во Примера. Но тогаш зборев со семејството и решив да не одам. Хихон е вечен ривал на Овиедо а моето срце е сино“, раскажал тогаш Мичу.

Во еден момент станал и технички директор на Овиедо, а во ноември лани дал оставка зошто клубот е на прагот од испаѓање во трета лига. Мичу одбил да земе што му следува од договорот.

Денес работи како спортски директор на фудбалскиот клуб Бургос (третолигаш од Сегунда Б). Таму новинарите го начекале и го прашале дали знае дека новото чудо на европскиот фудбал Ерлинг Халанд рекол дека Мичу му бил идол.

„За мене тоа е голема чест. Мислам дека тој ќе стане играч од светска класа. Многу е подобар од мене“, рекол Шпанецот кој му пратил на Халанд дрес на подарок со негов потпис.

Речиси е сигурно дека Норвежанецот нема да стане чудо на една сезона како неговиот омилен фудбалер. 

ПРИКАЗНАТА ЗА ФУДБАЛСКИОТ ПАТ НА НОРВЕШКОТО ЧУДО ЕРЛИНГ ХАЛАНД