Сопругата на Коби Брајант сакала да му оддадат почит на Брајант на 24.2.20 затоа што 24 е бројот кој го носел во последната деценија од кариерата, Џиџи го носела бројот 2, а 20 се годините кои ги поминале заедно, како и периодот кој го мина во Лејкерси.
Во Стејплс центар се собраа 20.000 луѓе за комеморацијата на Коби и неговата ќерка насловена како „The Celebration of Life“. Во салата каде царуваше со баскетот, беше неговото семејство, пријатели, обожаватели и многу познати фаци.
На спомен обележјето беа поставени 33.643 ружи колку што имаше тој постигнато поени во својата блескава НБА кариера. Присутните плаќаа карти од 24,02 до 224 долари, броеви кои исто така ги симболизираат неговите бројки. Ќе бидат донирани во фондацијата Мамба и Мамбасита.
Кога почина Коби Брајант, дел од мене умре. И додека гледам во оваа арена и низ цел свет, дел од вас умре. Тоа се спомените со кои ќе треба да живееме и од кои научивме. Ти ветувам дека од овој ден ќе живеам со спомените дека имав мал брат и дека се обидов да му помогнам колку што можев. Почивај во мир, мал брату“, изјави Ем Џеј во солзи
"When Kobe Bryant died, a piece of me died."
— ESPN (@espn) February 24, 2020
—Michael Jordan during Kobe and Gianna's Celebration of Life pic.twitter.com/U2Lyj8AyUZ
Шек во негов стил
Цел говор на Ванеса
Бијонсе
Full performance: @Beyonce honors Kobe Bryant with "XO" and "Halo." #KobeFarewell
— Complex Music (@ComplexMusic) February 24, 2020
absolutely beautiful 🕊pic.twitter.com/wvcPjMr1Wh
Кристина Агилера
Christina Aguilera gives an emotional performance at Kobe and Gianna's memorial. 💜💛 #KobeFarewell #RIPGIANNA pic.twitter.com/k7fHjsmvCx
— Entertainment Tonight (@etnow) February 24, 2020