Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Како да ја гледаш Барса на прилепски начин?

По ремито дома со Жирона, Барселона одигра уште натпревар без голови, овој пат против Хетафе на гости. Тројца млади навивачи изрежираа сцена која мислевме дека никогаш нема да ја видиме во шпанската прва лига.

Сообраќајќа на Имобиле со трамвај

Италијанскиот репрезентативец и напаѓач на Лацио утрово се судрил со трамвај кој поминал на црвено. Жртви нема, но Чиро има скршено ребро.

Фати некој пари во кладилница вчера?

Плус Челси - Брајтон 1:2. Фантазија од резултати.

Пиротехнички спектакл на Комити во чест на Велигден

Најголемата навивачка група на Вардар ја продолжува традицијата и точно на полноќ во населбата Драчево и оваа година го одбележи најголемиот христијански празник со пиротехничко шоу кое не се опишува со зборови.

Евролигашки баш топ10

Во последното 34. коло од најдобрата европска клупска кошарка, имаше врвни потези, а Евролига ги одбра најдобрите 10. Веќе се познати и паровите во Топ8 каде на мегдан на Барселона ќе оди Жалгирис, Реал Мадрид со белградски Партизан, Монако со Макаби Тел Авив, Олимпијакос со Фенербахче.

Срамно положување на играч на Цибона против МЗТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје убедливо ја совладаа Цибона после голем пресврт, а тимот од Аеродром во битка за опстанок во силната АБА лига сега чека Борац Чачак да изгуби од Будуќност за „штрковите“ да куртулат од испаѓање. На мечот одигран во петокот вечер во Скопје Цибона имаше 12 поени предност, за да во третиот период даде само пет поени а МЗТ дури 30.

Ѕаниоло со еврогол го засени хет-трикот на Икарди

Галатасарај е се поблизу до титулата во турската Суперлига откако синоќа со 6-0 го демолираше Кајзериспор. Три гола даде Мауро Икарди кој блеска по трансферот во Турција со 12 гола и двоцифрен број асистенции, но голот на вечерта го даде довчерашниот фудбалер на Рома Николо Ѕаниоло. Галатасарај има 66 бода на прво место и меч повеќе од Фенербахче кој е втор со 57 бода. Бешикташ е трет со 55 бода.

Емотивен говор на чичко Дончо во соблекувалната на Вардар

„Ви што давате голови, да не се срамите да давате голови, ќе давате ами како. Вие во одбрана, не пуштајте пиле да прелета. Сите да го кренеме Вардар, птица Феникс, од пепел горе да го качиме каде што му е местото“.

Џордан е Џордан

Мајкл Џордан 2022-ра ја завршил со заработка од 256 милиони долари од Најк. Тоа се должи на неговиот доживотен договор со компанијата на која со својот неповторлив и никогаш незастарен бренд само лани и донел 5,1 милијарди долари, 31% повеќе од претходната година. Да ја видиме и споредбата, како почна и до каде стигна тој феномен.

Дон Карло полиглотата

25 освоени трофеи со 6 екипи во 5 земји. Тоа носи слава и пари, ама и едно непроценливо богатство, а тоа се јазиците за кои Анчелоти се гледа дека се има потрудено.

Да видиш ти кога ќерка навива за Чикаго Булс, тимот на тато

На меч од НБА плеј-ин, Чикаго Булс направи огромен пресврт против Торонто Репторс и славеше 109-105. На овој начин Булси ја поминаа првата рунда. Интересно главен лик на средбата беше Дајар Дерозен, 9-годишна ќерка на ѕвездата на Чикаго Булс Демар Дерозен.

Махер на малерите кој ќора утакмица не погодил

Пишал три фикса и бркал услов 3 од 10. Сите 13 ги промашил. Да му ги вратите парите или да му дадете телевизор во боја.

Двојното лице на Интер кој игра подобро во ЛШ од Серија А

Петти се во лига, моментално надвор од пласман во наредната сезона во ЛШ, а истовремено со една нога се во полуфиналето на актуелната сезона во ЛШ. Како е можно еден ист тим да постигнува толку различни, речиси спротивни резултати?

Едно време го исфрлаа пијан од диско, сега е најдобар шпиц на свет

Навивачите на Манчестер Сити ги уживаат најдобрите години во својата клупска историја. Доволна причина да тераат мајтап со едно видео старо две години на кое Ерлинг Халанд, тогаш ѕвезда на Борусија Дортмунд го исфрлаат од диско во Норвешка зошто правел заврзлами под гас.

Спалети: Елмас истрча многу и вршеше константен и избалансиран притисок во напад

Лучано Спалети му даде голема доверба на Елмас во четвртфиналето од ЛШ, го остави во игра до крај и го испофали за настапот.

Леао го искрши корнер знаменцето и не доби жолт

Елиф Елмас и Лучано Спалети после поразот на Наполи 1-0 од Милан на „Сан Сиро“ во првиот 1/4-финален меч од ЛШ упатија остри и отворени критики до романскиот судија Иштван Ковач за тоа што на нив им поделил еден куп жолти картони и еден црвен а немал ист критериум за Милан.

Фантастична кореографија на навивачите на Милан

Сан Сиро после долги години одново има шмек како на времето кога црвено-црниот дрес на овој стадион го носеа ѕвезди како Савичевиќ, Веа, Баџо, Шевченко, Кака, Малдини, Неста, Сидорф... Росонерите го полнат стадионот до последно место а навивачите прават фантастична атмосфера на секој дуел во првенството и во Лига на шампиони.

Феноменалниот перформанс на Мењан против Наполи

Речиси новиот шампион на Италија, имаше потешкотии во напад без Виктор Осимен против актуелниот шампион на Италија. Плус на голот на Милан стоеше Мајк Мењан кој одигра извонредна партија и спаси неколку чисти голови.

Дон Карло на 63 години со кондури игра подобро од Челси

Карло Анчелоти стана рекордер по број на победи во ЛШ со Реал Мадрид. Тоа како тренер. Плус се шири муабет дека газдата на Челси, Тод Боли за него нуди 100 милиони евра и 8 годишен договор, ама да игра.

Пречката на Елмас која ги смрзна навивачите на Милан

Најдобриот македонски фудбалер во моментов играше од старт на мечот Милан - Наполи во големото италијанско дерби од 1/4 финале на Лига на шампиони. Отсутни поради повреда беа првите центарфори Осимен и Џовани Симеоне, па Елмас играше цел натпревар како лажна деветка. Имаше голема шанса за гол.

Спектакли во Лига на шампиони: Милан и Реал Мадрид ги одбранија домашните терени

Фудбалерите на Милан го совладаа Наполи со 1-0 во сеиталијанскиот прв дуел од 1/4 финале на Лига на шампиони. Елиф Елмас го одигра цел меч, играше во шпицот од нападот како најистурен во отсуство на првиот стрелец Виктор Осимен и погоди пречка па за малку не го матираше Мењан.