
Нема око што не би ја забележала лошата состојба на теренот на Градски на видеото кое го објавија бугарските медиуми.
Она што веќе подолго време е забелешка на нашите репрезентативци, како и на капитенот и селекторот кои јавно критикуваа дека не ја бива, продолжува да биде проблем и понатаму.
Имаме прекрасен стадион според УЕФА стандарди на кој ги пречекавме Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, со трева која очигледно никој не знае, не сака или воопшто не ја одржува.
Изгледа како недосадена, нерамна, со дупки и кал, како селска нива.
Шкупи и Левски Софија играат вечерва од 21 часот, а реваншот е на 3 август.