Offside

Интер и официјално на три кола до крај математички ја обезбеди шампионската титула. Со триумфот над Парма од 2:0, сега се на недостижни +12 пред Наполи кој ремизираше против Комо. Кристијан Киву, кој е трикратен првак со Интер како играч, слави титула во деби сезоната на кормилото.

Тренерот на Тотенхем дрзок со еден навивач на Тотенхем

Иако на почеток на сезоната делуваше дека грчкиот Австралиец Ангелос Енџ Постекоглу ги склопи коцките во Тотенхем, сепак Спарс врзаа долга серија лоши резултати, претрпеа неколку порази и на крајот по сè изгледа ќе се задоволат само со пласман во Лига Европа. На дербито со Манчестер Сити (0:2) навивачите на Тотенхем иронично навивале за Сити и ги прославувале головите на противникот со цел нивниот омразен ривал Арсенал да не ја освои титулата.

За вакво промашување нема оправдување

Го измами и стоперот и голманот, а потоа сам себе се измами. Шведска втора лига.

Зидан ја прима и везе на 51 година, цела трибина на нозе

Ако се прашувавте, каде е и што прави докторот? Го викнале на егзибициски хуманитарен натпревар. И не треба никој друг да викаат. Дајте само вакви снимки од него од што повеќе агли. Уметник.

100% шанса на Тотенхем за реми, Пеп легна на земја

86-та минута од мечот меѓу Тотенхем и Сити беше доста зезнат за гостите бидејќи многу малку фалеше да им се искомпликува патот до одбраната на титулата. Сон излезе пред голман и можеше да израмни на 1:1, Гвардиола срце ќе го стегнеше.

Делириум на забавата на Астон Вила, со шампањско го славеа влезот во ЛШ

Манчестер Сити не е единствениот тим кој се радуваше на нивниот триумф против Тотенхем, туку и Астон Вила. Поводот е посебен.

Топ 5 НБА потези на вечерта

Најновата листа на најатрактивни потези е составена од ноќешните средби Њујорк - Индијана 3:2 и Денвер - Минесота 3:2. Го има и господинот МВП.

Денвер на нозе, Јокиќ ја прими МВП наградата

Во 4 години Никола Јокиќ освојува 4 МВП признанија. Три пати го прогласуваат за играч на сезоната (2021, 2022, 2024) и еднаш за најдобар во финалната серија (2023). Влезе во најелитното друштво на 9 легендарни кошаркари со минимум три МВП награди. Пред да ја раскантаат Минесота, имаше куса церемонија. 

Добро утро со 40 поени на Јокиќ и нов триумф на шампионот Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа Минесота Тимбервулвс 112:97 пред 19.992 гледачи во „Бол Арена“ и поведоа 3:2 во полуфиналната серија на Западот.

Испишувањето на ракометната историја на Италија е тесно поврзана со Лино Червар

Развојот на македонскиот ракомет со акцент во Автокоманда, како и нивниот историски успех во Лига на шампиони се должи на учителската осумгодишна лекција која ја добија од „Волшебникот од Умаг“. Но знаете ли дека Лино е човекот кој за прв пат ја однесе Италија на Светско во спорт по кој воопшто не е позната?

Најјаките 5 арапски коментатори

Реакциите понекогаш им се толку искрени, народски, едноставни што не можеш да не ги преслушуваш по неколку пати. Некои ви се познати.

И Пеп има одговор на тоа ваше „колку пари потроши“

„Премиер лигата била досадна? Претходно викаа до парите е... Ако беше тоа причината (парите), тогаш Јунајтед ќе ги освоеше СИТЕ титули. Второ, Челси. Сите титули! Трето, Арсенал! Сите титули! Тие потрошија повеќе пари од Манчестер Сити во последните пет-шест години. Тие МОРАШЕ да бидат тука на врвот“.

Нестварно промашување на дуелот Астон Вила - Ливерпул

Четвртопласираната Астон Вила му извади 3:3 на третопласираниот Ливерпул после негатива од 1:3 и тоа со голови во 85-та и 88-ма минута. Во 36 минута се случи промашувањето на сезоната во Премиер лигата, дело на Диего Карлос.

Ова е најлошиот Јувентус од кога и да е

Ако некој ви каже дека Јувентус на последните 17 меча во Серија А имал само три победи, дали би му поверувале? А уште па и притоа да ви каже дека на таков катастрофален учинок со уште помизерна игра и натаму е четврти со 67 бода, тогаш прашање е што ли се случува таму?

Како изгледа дербито во Гетеборг?

Дуелите меѓу ГАИС и Гетеборг, двата најголеми клуба од шведскиот град редовно поминуваат со убави кореографии, многу пиротехника, песна и ривалски надмудрувања. Овојпат ГАИС победил 2-1 во 8. коло.

Голманска пакост

Во англиската четврта лига, позната во тамошниот систем како League Two, во полуфинале на бараж за пласман во трета лига, Донкастер го добил првиот меч 0-2 на гости кај Кру Александра. Ама овие возвратиле на реваншот со ист резултат 0-2 па после продолженија отишле на пенали. Таму домашниот голман Ло-Тутала си имал на шишето напишано кој фудбалер на Кру обично каде шутира пенали. Ама другиов голман, 27-годишниот Полјак од Кру му го заџитарил шишето далеку во публика на трибини.

Аргентинскиот голман Мартинез стана рекордер по автоголови

Астон Вила и Ливерпул одиграа врвен меч со дури 6 гола а црвените може повеќе да жалат затоа што примија два гола во рок од само две минути. А Ливерпул прв го отвори резултатот уште во 2’ минута кога ексцентричниот и непристоен аргентински голман Емилијано Мартинез си даде глуп автогол, негов трет рекорден откако е во англискиот фудбал. Ниеден голман во Премиер лига не си дал повеќе автоголови од него.

Во Иран падна гол-кандидат за најубав на сезоната

Фариборз Герами, 31-годишниот фудбалер на Зоб Ахан, клуб од Иран, на меч против Паикан ФК постигна неверојатно голчиште.

Почнаа и во Англија валкано да играат

Глупата навика на навивачите ширум Европа да се поткраднат во некоја грмушка близу хотелот каде спие противничката екипа и во најсладок сон во 2-3 часот после полноќ да им згрмат долгоминутни рафали огномети ја префати и Англија. Така навивачи на Арсенал кој грчевито се бори за титула со Манчестер Сити отишле пред хотелот каде престојуваат „граѓаните“ и го сториле истото. Сити вечерва од 21:00 игра можеби решавачки меч за титула против Тотенхем на гости.

Натрапник прекина меч на Мастерсот во Рим

Дуелот меѓу Сорана Кирстеа и Медисон Кис кој убедливо го доби Американката со 6:2, 6:1, накратко бил прекинат откако гледач влегол на сред терен па реагирало обезбедувањето и го исфрлило.

Фабрегас го внесе Комо во Серија А - најраскошниот град ќе има прволигаш после 21 година

Серија А од следната сезона ќе биде уште поубава. После повеќе од две децении се враќа Комо, клуб кој игра на самото најпознато езеро во подножје на Алпите.

А што да му правам кога е толку висок?

Во холандската Ередивизија има уште едно коло до крајот. Ексцелзиор се бори со РКЦ Валвајк за опстанок. Обете екипи имаат по 29 бода а во последно коло Ексцелзиор му гостува на Феенорд кој е од нивниот град Ротердам, а РКЦ Валвајк ќе оди кај шампионот ПСВ Ајндховен. Тренер на Ексцелзиор е 198 сантиметри високиот џин Маринус Дијкхујзен. Кога го интервјуираат од ЕСПН, водителката се качува на куфер за опремата.

Полека Костакурта, години се во прашање

Алесандро Костакурта е жива легенда на Милан со 5 европски титули и 7 Скудета. Цела 20 годишна кариера им ја посвети на Росонерите каде не се даваше до 41 година. Ама сега има 58. Не се малце за вака сликовито да објаснува во студио.