Offside

Лос Анџелес Лејкерс ја отвори новата НБА сезона со висок триумф над Голден Стејт од 127-105. Џабе сите провокации кон Словенецот на рукито на Вориорс.

ВАР комедија во Серија А, коментаторот фати да се смее

Парма ја совлада Монца со 2:1 со гол во 98 минута. На 15 минути до крајот на мечот настана конфузија пред голот на гостите. Судијата досуди пенал, а кога Адријан Бенедичак тргна да го изведува, судијата се пишмани и отиде да гледа забавена снимка. Свирежот уствари не беше знак за изведување на ударот, туку за ВАР. Циркузи.

Ремек делото на Дибиров во полуфиналето меѓу Вардар и Барселона

„Добро што доаѓа лето бидејќи ќе ни треба цело тоа време за да сфатиме како му успеа ова“, рече коментаторот за чудото од вртелешка на Тимур Дибиров, која важи за негова специјалност. Се работи за Фајнлфорот во 2019-та, кога Вардарци ја покорија Европа по втор пат.

Пандев: Кога се повлеков од репрезентација Мурињо ми плачеше на телефон

Бобан Николов пред 3 и кусур години во подкастот на Лазаров откри јака случка од атобусот со кој се враќале во хотел по последниот меч на Пандев против Холандија на ЕП 2020. Ја потврди и самиот Пандев. Жозе му се јавил, плачел, па му спуштил. Каков респект кон нашата легенда.

Првата кола на Пандев и Стојков во Италија кои пешки оделе на тренинг

Горан Пандев и Ацо Стојков во 2001-ва година станаа дел од Интер Примавера, откако беа забележани од скаути за време на турнирот во Вијареџо, каде ги однесе бате Ване со тимот на Беласица. Следната сезона 2002/2003 заминаа на калење во третолигашот Специја. Гоче има пикантерии за раскажување од тоа време, кога имале 19 години и немало како да одат на тренинг.

Магнус Карлсен се повлекол од сред Светско првенство со порака: „Е**те се“

Најдобриот светски шахист и актуелен првак во рапид и блиц шах Магнус Карлсен (34) се повлекол од Светското првенство поради тоа што организаторите го казниле затоа што се појавил во фармерки и така ги одиграл седмата и осмата рунда. Од Светската шаховска федерација ФИДЕ го предупредиле па го казниле со 200 долари за кршење на кодексот на облекување. Карлсен им одговара: „Можат да ги спроведуваат своите правила, во ред е, а мојот одговор е добро, се повлекувам. Е**ете се!“

Екцес на мечот Феникс - Далас

Кошаркарите на Далас Маверикс и без нивниот лидер Лука Дончиќ го совладаа Феникс Санс на гости во Аризона 89:98.

Опасни ретро фотографии на денот

Налетавме на 10 славни фудбалски имиња, кои треба да ги знаете и од сон ако ве станат. Тука се многу помлади и во бои кои можеби ќе ве збунат.

Не на тој кош мајсторе

Оклахома Сити Тандер ја продолжи својата победничка форма и откако со 120:114 ја совлада Индијана Пејсерс стигна до 24-та победа во сезоната. Шеј-Гилџес Александер беше лудо настроен па постигна дури 45 поени со 8 асистенции и 7 скока. Интересен момент имаше во 3-та четвртина кога Еј-Џеј Мичел од Оклахома препозна една судиска грешка да не ги сменат страните за напад на екипите па тргна во спротивна насока.

Вучиќ: И Јокиќ да не има да каже нешто против протестите?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ почна да брои звучни имиња на спортисти кои не се од негова или поточно ги поддржуваат масовните студентски протести во Белград. Меѓу нив, Ивана Шпановиќ, Новак Ѓоковиќ, Жељко Обрадовиќ, Богдан Богдановиќ...

Манчестер Јунајтед за една недела прими 2 гола од корнер

Манчестер Јунајтед го забележа и третиот пораз по ред, на втор натпревар по ред не даде ни гол а еден погодок во поразот 2:0 од Вулверхемптон примија од корнер. Пред една недела Турчинот Алтај Бајиндир прими гол директно од корнер на мечот со Тотенхем (4:3) во Карабао Купот.

За циркус се добива црвен картон

Вотфорд со 2-1 го победи Портсмут со гол постигнат во 90+5' минута од судиско продолжение. Еден Африканец роден во Германија, Квадво Баа од Вотфорд го играше танцот познат како L танц од познатата видео игра Фортнајт. И тоа на крај пред гостинските навивачи кои зовреа од нервоза па фудбалерите на Портсмут му се сипаа на Баа кој доби и црвен картон.

Контрата на Фулам за менување историја стара 45 години

Челси кој неочекувано е втор на табела во Премиер лига со 35 бода, 7 помалку од лидерот Ливерпул кој има и натпревар помалку, синоќа го претрпе првиот пораз на домашен терен од градскиот ривал Фулам после цели 45 години! Челси водеше од 16' минута со голот на Кол Палмер, но Фулам во 82-ра израмни преку Хари Вилсон а во 90+5' направи огромен пресврт и историја преку Родриго Муниз.

10 годишно дете ги обврза браќата Белингем на договор за второлигаш

Малиот ќе биде мангуп број 1, ако за 10 години се случи малку веројатниот, но сепак возможен трансфер.

17 годишен клинец од Хрватска го има голот на сезоната во Белгија

Што талентирани деца излегоа од 2000-та па наваму, да не може да ги пофати човек. Внимавајте добро на Лука Вушковиќ, генерација 2007-ма, излезен од школата на Хајдук и член на Хрватска У-21. Позајмен е во Вестерло, а синоќа на Клуб Бриж му даде лудорија од гол. И тоа централен бек е.

Расположението на Пеп на последниот прес

Од 30 октомври до денес, Манчестер Сити е во ужасно лоша серија од 9 порази, 3 нерешени и само една победа. На седмо место клизнаа и имаат заостанување од 14 бода зад лидерот Ливерпул. За Боксинг деј одиграа 1:1 против Евертон, а Халанд не реализираше пенал. Погледнете на што личеше Гвардиола на пресот после мечот и колку Фил Фоден беше очаен во обид да спречи контра.

Неверојатните бројки на Мохамед Салах

Навивачите на Ливерпул веќе во целост заборавија на Јирген Клоп. Со Арне Слот екипата игра подеднакво добро ако не и уште подобро. Синоќа црвените после пресврт го совладаа Лестер 3-1 во густа магла на „Енфилд Роуд“. Салах го даде третиот гол со што уше повеќе ја подобри статистиката.

Оди земи му ја на Морган Роџерс

Фудбалерот на Астон Вила и повремен англиски репрезентативец, 22-годишниот шпиц Морган Роџерс има пазарна вредност од 40 милиони евра. Тој сезонава на 18 меча во Премиер лига за Вила даде 5 гола со 3 асистенции. Синоќа на дуелот со Њукасл на гости каде изгубија 3:0 покажа како најправилно се гради топка.

Голчиштето број 1 на Боксинг деј падна во трета лига

Циркуз Адриа се резултатите од Боксинг дел.  Манчестер Јунајтед загуби од Вулверхемтон, Челси од Фулам, Тотенхем од Нотингем Форест, а Манчестер Сити ремизираше со Евертон. Најјак гол? Е тоа во Лига 1. Дечките на Рексам си поиграа без да тапне и славеа против Блекпул со 2:1. Убавина од погодок.

Онана пак се јави, овој пат прими гол од корнер

Нов разочарувачки резултат за Манчестер Јунајтед кој губи три натпревари во низа, овој пат од Вулверхемптон со 2:0. Онана прими гол од корнер, Бруно Фернандеш доби црвен. Никогаш немале полоша позиција на Боксинг деј. 14-ти се на табела со 22 бода, освоени во 18 кола.

Мајк Биби раскажува пикантерии од соблекувална со Дивац

Се работи за златните денови на Сакраменто Кингс кога беа хит. Додека Крис Вебер бил лидер на терен, таа улога надвор од теренот ја имал Владе Дивац кој се грижел сè да биде океј. Арно ама пред натпревар имал и ритуал, класика балкански потег на кој му се чуделе.

Што е со детево бе?

Добро, има нешто што не може да го направи со топка? И со таквото успеа да ја врати. На кој ви личи?

Најспектакуларниот старт на мадридското дерби со Роналдо дe Лима

Годината е 2003, последна во кариерата за Иван Заморано, препознатлив по одличните партии во Реал Мадрид и Интер. Се пензионираше во родната земја Чиле, во Коло Коло, но беше гостин на Бернабеу, каде доби дрес и аплаузи. 14 секунди од првиот свиреж на дербито, на сцена стапува Роналдо.

Атлетико Мадрид се надмина себеси со неверојатно видео

Мадридскиот фудбалски клуб е лидер по прекрасните празнични видеа кои ги смислуваат од година во година. Овојпат на тема „Верноста е одлука на душата“ снимија нешто сјајно и срцепарателно во исто време.

Гримасата на Пикфорд пред да му го фати пеналот на Халанд

Манчестер Сити продолжува да се мачи и на Боксинг деј и на полувреме против Евертон имаше само 1:1. Халанд во 53 минута не успеа да реализира пенал, бидејќи се соочи со човекот кој е познат по тоа што анализата за тоа кој и каде ги изведува пеналите, ја запишува на шишето. Него што е со гримасиве?