Offside

Лос Анџелес Лејкерс ја отвори новата НБА сезона со висок триумф над Голден Стејт од 127-105. Џабе сите провокации кон Словенецот на рукито на Вориорс.

Филозофијата на Арсен Венгер за создавање фудбалер

Легендарниот француски стратег смета дека создавањето на играч е како градење куќа од темел. Го објаснува во 4 дела: Техника меѓу 7 и 14 години. Физичка спремност меѓу 14 и 17 години. Тактички аспект. Желба за успех меѓу 18 и 19 години.

Пеле во гроб се превртува

Легендата вели дека после овие “ножички“, мајсторот завршил на ортопед, костозглобна, па на физикална. Ама се исплатеше. Голчиштето ќе оди на најавни шпици.

Дождот од плишани играчки во белградска Арена

Кошаркарите на Партизан рутински го совладаа Макаби Тел Авив 98:75 во натпревар од 19. коло на Евролига. Црно-белите успешно ја изведоа и хуманитарната акција во која илјадници навивачи пред мечот на теренот фрлија илјадници плишани мечиња.

Френки облечи се, ќе настинеш

Фудбалерите на Барселона лесно се справија со нисколигашот Барбастро и славеа убедливо 0-4 во шпанскиот Кралски Куп. Головите ги постигнаа Ерик Гарсија, Роберт Левандовски 2 и Пабло Торе. После натпреварот тренерот Ханси Флик му ја даде својата дебела зимска јакна на Френки Де Јонг.

46 поени на Јокиќ во одмаздата за Сан Антонио

Во само 24 часа Денвер Нагетс и Сан Антонио Спарс одиграа два натпревари во НБА лигата. Спарси прво славеа во меч во кој Никола Јокиќ и покрај тоа што беше најефикасен поединец на крајот изгуби топка при што примија клучни поени за поразот на првиот меч. Сега им се одмазди со нова сјајна партија.

Седмерец веројатно за прв пат виден во ракометот

Не знаеме која категорија е ова и кои се екипите, освен што е познато дека се работи за српски ракомет. Што храброст ќе имаше пеналџијава.

Кошкања меѓу Столе и Винисиус имаше и минатата сезона

На ѕвездата на Реал Мадрид и голманот на Македонија, не им е прв пат да се закачнат. Тензија имаше и на Барнабеу минатата сезона, кога Рајо Ваљекано успеа да извлече реми против кралевите. Агресивниот Бразилец тогаш му испрати порака дека ќе се пресметаат надвор, а Димитриевски после мечот изјави дека се нормални работи кои остануваат на терен.

Иско мангупе, не се гледа секој ден ваква мајсторија

Реал Бетис ја доби Хуеска во Копа деј Реј на гости со 0:1. Човек на одлука беше искусниот Иско кој 9 сезони го носеше дресот на Реал Мадрид. Многу интелигентен потег. Не мрдна голманот.

Потфрлање меѓу највисокиот и најнискиот играч во Евролигата

Натпреварот од 19. коло во Евролигата меѓу Париз и Барселона донесе несекојдневна и комична сцена. За топка се бореа Јусуф Фал (221 см) и Ти Џеј Шортс (175 см). На крај не пресуди висината на центарот на Барселона, туку интелигентниот потег на македонскиот репрезентативец.

Мајами драстично го суспендираше Батлер

Мајами Хит се огласи во врска со нивниот лидер Џими Батлер кој веќе подолго време е незадоволен и сака да го смени клубот. Франшизата од Флорида соопшти дека го суспендира Батлер на седум натпревари поради недолично однесување кое му штети на тимот, особено во последните неколку недели.

Здив им застана на Местаља во 100-та минута

Кулминација на петочната драмолетка меѓу Валенсија и Реал Мадрид, беше 10-та минута од судиското продолжение во која Луис Риоха имаше луд удар кој сите го видоа во гол.

Феноменалната парада на Столе очи во очи со Винисиус

Столе Димитриевски доби два дуела со нескротливиот темперамент на Винисиус, роден за кавги. Покрај провокацијата на која Бразилецот наивно наседна и доби црвен, му одбрани 100% шанса од само неколку метри.

Столе во дуел со Винисиус, Бразилецот доби црвен картон

Валенсија и Реал Мадрид одиграа луд натпревар во 12. коло од шпанска Ла Лига. Домаќините први поведоа на „Местаља“ со гол на нивниот најдобар играч центарфорот Уго Дуро. Реал Мадрид прво промаши пенал преку Белингем, па остана со играч помалку во 79' минута кога Столе Димитриевски побара од Винисиус Жуниор да не глуми пенал, а овој го удри и доби заслужен црвен картон. Реал со играч помалку направи луд пресврт и славеше со головите на нововлезениот Лука Модриќ во 85' минута и Џуд Белингем во 90+5' минута по кардинална грешка на домашниот играч.

Драма и пол на Местаља, Валенсија му подари 3 бода на Реал во 96 минута

Во првиот меч од 19. коло во Ла Лига видовме од сè по нешто. Пресврт, промашен пенал на Белингем против Димитриевски, поништен гол на Мбапе, како и црвен картон и ново дивеење на Винисиус.

Најсмешните кошаркарски минути во Новата година

Макави Тел Авив веќе подолго време игра Евролига во Белград поради војната меѓу Израел и Палестина, а Хапоел Јерусалим игра во кошаркарска сала во бугарскиот град Самоков. Таму често е празно па многумина пропуштиле да видат интересни акции од дуелот Хапоел Јерусалим - Арис Солун.

А има и вакви ножички - спектакуларни

Луд натпревар одиграле Перт Глори и Вестерн Јунајтед во австралиската прва лига А-Лига. Гостите славеле 2:3 со прекрасен гол на Џордан Латон во 90+5' минута од судиското продолжение. Само неколку секунди подоцна добил црвен картон, втор жолт зошто го соблекол дресот при прослава на победнички гол.

Панчев на времето има гол со ножички по штоп со глава

Холандскиот бек на Интер Дензел Думфрис во полуфиналето од италијанскиот Супер Куп постигна два гола од кои еден беше атрактивен, со полу-ножички откако претходно топката ја штопуваше со глава. Читател ни нафрли на прва статива дека таков и уште поубав гол Дарко Панчев има дадено против Глазгов Ренџерс на времето.

Конор и Пол Логан ќе се пресметаат во Индија, борбата ја финансира најбогатиот Индиец?

По пресметката на брат му Џејк со 30 години повозрасниот и пензиониран Мајк Тајсон, Пол Логан сега сака да се проба со некогашниот светски шампион во УФЦ, лудиот Ирец Конор МекГрегор. Во боксерски ринг, не во октагон, по правила на класичен бокс.

Историската вечер на Стеф Кари: 8/8 за три

Стеф Кари веќе одамна важи за најдобриот шутер на сите времиња во НБА. Многукратниот шампион со Голден Стејт Вориорс за кого Шекил О'Нил рече дека „ја уништил“ кошарката со стилот на игра кои го копираат многу играчи во лигата, синоќа одново блесна. Кари во победата на ГСВ против Филаделфија 139:105 постигна 30 поени со 6 скока и 10 асистенции. Погоди 8 тројки од 8 шута.

Винисиус Жуниор како пилот на авион

Неколку фудбалери на Реал Мадрид меѓу кои Винисиус Жуниор и Едуардо Камавинга биле на неколкудневен одмор во Дубаи. Ѕвездите на Реал објавија видео во кое се гледа како Винисиус добил дозвола од главниот пилот да седне на ко-пилотското седиште. „Слетување со капетан Вини Жуниор“, вели Бразилецот додека Камавинга го снима и се смее.

Леброн Џејмс одигра луд меч и израмни еден рекорд на Џордан

Ветеранот кој на 30-ти декември наполни 40 години, и натаму покажува зошто важи за најкомплетниот кошаркар кој се појави во НБА во последните две децении и повеќе. Леброн синоќа во триумфот на неговите ЛА Лејкерс над Портланд 114-106 имаше 38 поени, 8 асистенции и 7 тројки. Леброн на тој начин се израмни со Џордан по бројот на натпревари со повеќе од 30 поени во историјата на НБА. И двајцата имаат по 562 такви натпревари.

Најдобрите моменти од дербито Ренџерс - Селтик

Синоќа во Шкотска се одигра комплетно коло. Се играше и дербито Ренџерс - Селтик а домаќинот конечно ја прекина серијата без победа против најголемиот ривал и славешеу убедливо 3-0. Стрелци: Јанис Хаџи во 7-ма, Пропер во 66-та и Данило во 91-ва минута. Селтик е и натаму прв со 50 бода, Ренџерс е втор со 39, а Данди Јунајтед и Абердин имат 34 бода.