Offside

ПСЖ и Баерн Минхен одиграа полуфинале во Лига на шампиони од соништата со резултат 5:4, па дури и можеа да бидат и повеќе со оглед на шансите. Домаќините на полувреме имаа 3:2, а потоа и 5:2, но Баерн се избори за поголема неизвесност пред реваншот. Кварацхелија и Дембеле постигнаа по два гола, Невес еден. За гостите погодија Кејн, Олисе, Упамекано и Диаз.

Колкави буџети имаат кошаркарските евролигаши?

Познатиот портал специјализиран за кошарка „БаскетЊуз“ ги објави буџетите на сите клубови во Евролига за актуелнава сезона 2024/2025.

Две јуначки вадења топка од гол линија

Лион и ПСЖ, едни од најтрофејните француски клубови, одиграа натпревар за паметење со дури 5 гола. На крај славеа гостите 2:3 кои и натаму се единствен непоразен тим во Топ 5 лигите во Европа. На ова дерби стоперот на Лион Клинтон Мата имаше феноменално храбра реакција за да спречи гол при резултат 0-0. Исто луда интервенција имал и еден фудбалер во јужнокорејската лига.

53.293 гледачи во полска втора лига, рекорд во 21 век

И тоа скоро 20.000 се навивачи на Висла, а останатите на Рух Хожуф. Каква импресивна гостинска поддршка за второлигаш. Ова е рекорд во 21 век во Полска. Претходниот исто така му припаѓање на Рух Хожуф кој на мечот против Видзев Лоѓ во април минатата година, го следеле нешто повеќе од 50.000 навивачи. Инаку Висла викендов славеше 0:5.

Не го оставајте доктор Лука Модриќ сам

Ништо не се промени ова коло на врвот на табелата во Ла Лига, бидејќи сите три конкуренти за титулата победија. Атлетико и Барса славеа на гости против Валенсија и Лас Палмас, а еден ден подоцна Реал Мадрид ја совлада Жирона со 2:0. Бојан Миовски влезе во 75-та минута, а во првиот дел имаше привилегија да го види евроголот на безвременскиот хрватски мајстор од клупа. 40 години ќе наполни во септември. Неверојатен играч и пример за младите.

Не го ни пипна, на топка одеше

Кога Михајловиќ на времето во ЛШ го плукна Муту во коса од позади, го казнија 8 кола. Ама тоа УЕФА. Што ли ќе преземат уругвајските фудбалски тела за ова?

Лука Дончиќ го разби Денвер Нагетс и покажа дека е голем шампион

Суперѕвездата на ЛА Лејкерс блесна во полн сјај синоќа во дербито против Денвер Нагетс кое Лејкерси го добија 123:100 и ја прекинаа врвната серија на Јокиќ и другарите од 9 победи по ред во НБА лигата.

Европската шампионка Алексовска испука од емоции на химната

Македонија бележи историски успех на Европското првенство во ММА во јуниорска конкуренција во Белград, каде освои два златни медали кои легнаа на градите на Даниела Алексовска и Марко Трајановски. Алексовска во финале ја победи Украинката Анастасија Хордовиска уште во прва рунда. Потоа се расплака од што и беше убаво на душата за време на интонирањето на македонската химна.

Пак играч на Фиорентина се сруши на сред терен

Дваесет и четиригодишниот центарфор Моизе Кин синоќа на натпреварот Верона - Фиорентина ненадејно се срушил на теренот во 65-та минута. Веднаш интервенирале лекарските служби кои го префрлиле во најблиската болница. Кин е втор играч на Фиорентина со вакво непријатно искуство после Едуардо Бове кој падна на теренот и изгуби свест на мечот со Интер поради што тој дуел беше прекинат па повторно преигран.

За глуп фаул, Антони доби директен црвен картон

Само што почнаа да го фалат сите и да пишуваат критики на сметка на Манчестер Јунајтед, а Бразилецот Антони имаше неколку блескави натпревари во новиот клуб Бетис со голови и асистенции, сега се посрамоти. На гостувањето на Бетис кај Хетафе во победата 1-2 (два гола на Иско, една асистенција на Антони), Бразилецот направи неверојатно глуп прекршок на противничка половина во последните секунди од мечот.

Гол на Нејмар директно од корнер

Бразилскиот ас се врати неодамна во својот роден клуб Сантос, а сега го постигна и вториот гол. На дуелот против Интернасионал де Лимеира Нејмар во 27-ма минута постигна прекрасен гол од корнер. Го совлада голманот Иго Габриел со мајсторски удар, со помош на стативата. Нејмар имаше уште и две асистенции за својот соиграч Тикињо Соареш. Нејмар има досега два гола и три асистенции.

Состојбата на Манчестер Сити во еден удар

Фудбалерите на Ливерпул прилично лесно и рутински го совладаа до сезонава најголемиот ривал во англискиот фудбал, Манчестер Сити, на гости со 0:2. Со головите на Мохамед Салах и Доминик Собослаи црвените славеа победа која ги приближува до шампионската титула. Сити од друга страна ќе има тешка задача да ја сочува четвртата позиција која води во Лига на шампиони. Еден шут на Де Брујне ја покажа нивната немоќ сезонава.

Комедија на колото

Кристал Палас го совлада Фулам на гости 0-2 и избега од опасната зона. На овој натпревар Данецот од Фулам Јоаким Андерсен си постигна автогол а после беше дел од една комична епизода со гостинскиот фудбалер Езе.

Што ти требаше?

Манчестер Јунајтед по зборовите на Рио Фердинанд до крајот на сезоната ќе води битка за опстанок во Премиер лига. До тоа ниво дојде најтрофејниот англиски клуб, да се плаши од испаѓање во втора лига. Во саботата губеа 2-0 на полувреме од Евертон, а до крајот едвај извлекоа 2-2 и бод. Рубен Аморим на полувреме беше во длабока мисла.

Ријека му нанесе историски пораз на Динамо Загреб и оди кон титула

Лидерот во хрватското првенство, Ријека, предводена од младиот тренер Радомир Ѓаловиќ игра одличен фудбал. Синоќа со 4-0 го растурија Динамо Загреб и му го нанесоа еден од најтешките порази во историјата. Аријан Адеми играше до 74' минута кога го извадија од игра, а Стефан Ристовски остана на клупата за резерви и не влезе во игра. После мечот навивачката група Бед Блу Бојс ги повикала играчите и ги навредувала поради мизерното издание. Критики и навреди добил и Адеми. Ријека сега е прва со 45 бода, Хајдук е втор со 44 а Динамо има 38 бода и како да се простува од титулата.

Спринтот на голманот на Арсенал на сред терен

Арсенал полека како да губи здив во трката за шампионска титула со Ливерпул и сега заостануваат 8 бода од црвените кои го чека дерби со Сити во недела. „Топџиите“ синоќа изгубија дома 0-1 во малото градско дерби со Вест Хем. Мечот го одбележа и еден луд спринт на голманот на Арсенал Давид Раја кој додека хаотично бркаа израмнување во последните секунди од мечот, истрча еден спринт да освои топка и го издрибла противничкиот фудбалер на сред терен.

Глупавиот автогол на Милан ќе се памети, Елмас го виде од близу

Милан игра уште една очајна сезона а по тешкото испаѓање од Лига на шампиони од Феенорд, росонерите сега претрпеа нов пораз, овојпат од Торино 2-1 на гости. Уште во 5' минута голманот Мајк Мењон и стоперот Тјао беа творци на еден од најглупавите автоголови сезонава во европските лиги. Торино со тој автогол поведе, Пулишиќ подоцна промаши пенал. Рејндерс израмни на 1-1 во 74-та минута а 20-годишниот Литванец Гвидас Гинтелис постигна победнички гол само една минута подоцна.

Еден подзаборавен проектил на Саво Милошевиќ во финале во Англија

Сигурно го паметите Саво од настапите во Парма и Шпанија, ама ќе се вратиме поназад. Во 1995-та година Астон Вила му плати на Партизан за српскиот напаѓач 3,5 милиони фунти, клупски рекорд во тоа време. Одговори со 33 гола во три сезони и потоа направи трансфер во Сарагоса. Еден од нив е посебен. Се работи за финалето од Лига Купот против Лидс Јунајтед, конечни 3:0. Бомба на 22 годишниот Саво.

Стара и добро позната за оние кои живеат до стадион

Ама па од друга страна денар немаат дадено за карти.

Босанска кошаркарска офанзива

Ако е за утеха и Босанците немаат секирации околу иднината на кошарката. Видиш ти тоа како лесно и течно им одат нападите. Како Лејкерски се од најдобрите денови.

ФИБА го издвои Ти Џеј Шортс

Македонската кошаркарска репрезентација останува да се надева на следното Европско првенство 2029. Шансите за пласман на ЕП 2025 се завршени после поразот од Естонија на гости (65:84). 21 поен за Ти-Џеј Шортс и 20 на Ненад Димитријевиќ, сепак не беа доволни. Недостасуваше помош и од другите играчи.

Италијанскиот фудбал се состои од разни убавини

DAZN не го краси само Дилета Леота. Прашајте го Самуеле Ричи од Торино. Дербито Јуве - Интер од поинаква перспектива.

Рубљов има свој начин на опуштање

Се работи за моментот кога пропуштил меч топка при водство од 5:2 против Алекс де Минор на АТП турнирот во Доха. На крајот Андреј Рубљов го мина четвртфиналето со 2:1 во сетови.

Како изгледаше брадата на Жиру во Колорадо на -15?

Не е баш пријатно периодов за спортување во САД на отворено. Видовме по Меси, а сега и по Жиру, кој игра за Лос Анџелес.