Offside

Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.

Драматична завршница во Холандија, Ајакс прими гол во 99 минута и си ја уништи сезоната

На едно коло до крајот на сезоната, во холандскиот шампионат се случи луд и неочекуван пресврт. Ајакс е во шок, ПСВ е пред славје.

20 годишен анонимус го одложи славјето на Барселона во 95-та минута

Реал Мадрид ја доби Мајорка со пресврт и ја остави разликата со Барселона на -4. Гостите поведоа во 11 минута, Мбапе израмни во 68-ма минута и кога секунди ги делеа Каталонците од заверување на титулата, конечните 2:1 ги постави дефанзивецот Јакобо Рамон и тоа со деби гол на својот втор настап во Лига. 

1 минута Јокиќ против Оклахома

Игра многу лесно и доминантно, мислиш на пријателска е. За самодоверба да не зборуваме. Па уште и вади некои тројки ко Кари, а центар игра.

Навивачите на Џенова „ја погребаа“ Сампдорија

Е до таму оди градското ривалство во италијанскиот фудбал. Сампдорија за прв во историја испадна не во Б, туку во Серија Ц. Навивачите на Џенова славеа на големо мислиш Скудето освоиле.

Маркус Турам си пазари на велосипед низ Милано

Неискомплексиран дечко. Заработува милиони евра, а и натаму е скромен како кога бил мал и не толку познат. Маркус Турам е еден од најзаслужните што Интер игра историска сезона, што се бори за шампионско скудето и ќе игра финале на Лига на шампиони. Тој е меѓу најдобрите стрелци и асистенти во екипата и е прав лидер на нераѕурите.

Тричко - класа, стил и срце на терен

20 години кариера во 11 клубови во 6 држави, 566 настапи и 214 голови, плус 67 репрезентативни меча и 7 гола. Милионски трансфер во Белгија, титула со големата Легија Варшава, легенда на Кипар, пласман со Македонија на Европско. Тивок и скромен јунак со преку 200 гола во кариерата.

Тифозите на Џенова славеа што Сампдорија испадна во трета лига

Некогашниот европски вицешампион и првак на Италија, Сампдорија првпат во својата 79-годишна историја испаѓа во трета италијанска лига Серија Ц. Доријаните никако не можат да се вратат на правиот пат а по ремито 0-0 против Јуве Стабија на гости синоќа, испаднаа и математички во трета лига. Тоа беше повод за нивните најголеми градски ривали, навивачите на Џенова да слават по градските улици со огномет, трубење од коли и многу пиротехника.

Тренерот на Манчестер Јунајтед ќе купи карти за финале за 30 вработени

Додека ПСЖ со гордост соопштува како клубот ќе води преку 600 лица блиски до фамилиите на играчите, тренерите и вработените во сите сектори во клубот, Манчестер Јунајтед мака мачи да ги задоволи барањата на нивните вработени за финалето на Лига Европа против Тотенхем.

Тренинг на Малме со рандом дресови

Ова не потсети на една сцена кога Коби Брајант отиде на сопствен натпревар со дрес од Мајкл Џордан.

Лудница со гол во продолженија и Сандерленд е во финале на бараж

Откако Шефилд Јунајтед глатко го совлада Бристол Сити и во два натпревари од полуфинале на баражот во Чемпионшип му даде шест гола (два пати по 3:0), се чекаше вториот финалист. Сандерленд на гости го совлада Ковентри 1-2 минатата недела а синоќа се играше реваншот. Гостите во 76-та минута дадоа гол за израмнување на вкупниот резултат 2-2 и донесоа права драма. Во продолженија, во 120+2' минута Даниел Балард постигна гол за 1-1, вкупен резултат 3:2 и пласман во големото финале на Вембли. Лудница на трибините!

Медиумските обврски на Аморим откако е тренер на Манчестер Јунајтед

Не е лесно да си тренер во Премиер лига. Нон стоп под лупа на новинари. Буквално. Погледнете колку работа имал пред камерите Рубен Аморим изминативе 6 месеци во Манчестер Јунајтед. Само во Премиер лига, имал обврска да се појави пред камерите 100 пати во 25 кола. На прес конференција пред и по секој натпревар, а истото да го направи посебно за клупскиот канал. Плус 175 интервјуа после секој натпревар на носителите на правата на Премиер лигата. А да е само тоа. Скоро 500 интервјуа дал од ноември до сега или просечно скоро 3 на ден.

Решил Меси да земе малку воздух на балкон

Под балконот вонредна состојба. Инаку се работи за хотел во Сан Хозе.

И ние сакаме ваква атмосфера на Градски

Аргентинците се број 1 навивачи во Јужна Америка за создавање лудница, ама и Бразилците не се лоши. Мечов е финале меѓу Ремо и Пајсанду. Грми трибината.

Индијана го сомле Кливленд со 4-1 и се пласираше во финале

По 64 победи во основниот дел од сезоната каде беа најдобар тим заедно со Оклахома Сити Тандер, Кливленд Кавалирс претрпеа нов пораз 114:105 после голем пресврт од Индијана Пејсерс во доигрувањето за титулата и со вкупни 4-1 испаднаа рано. Индијана оди во големото финале на Истокот втора година по ред.

Јокиќ залудно брутален со 44 поени кога Денвер Нагетс пак изгуби

Оклахома Сити Тандер го совлада Денвер Нагетс 112:105 во петтиот меч од полуфиналето на Западната конференција и е на праг од пласман во големото финале а ривалот пред амбисот на елиминација.

Ериксон за последната средба со Бекам

Кога легендарниот шведски стратег, Свен Горан Ериксон имаше одбројани денови, Дејвид Бекам направи извонреден и пред сè многу човечки гест. Отиде да го посети лично.

Пазете го влезов на Емили во ринг

Се вика Емили Спасевски, живее во Австралија и боксува во категоријата до 60кг. Ако може Златан со Нада Топчагиќ да влетува на Сан Ремо, можеме и ние со нашето. Пуштете ги звучките на најјако.

Дончиќ порано редовно забиваше, сезонава само еднаш

Лука Дончиќ и натаму е меѓу најглавните теми во НБА иако веќе подолг период е на одмор откако со неговите ЛА Лејкерси испаднаа од доигрувањето за титулата после поразите од Минесота Тимбервулвс.

Националната спортска гордост како локомотива на државата

Сè е добро кога добро ќе заврши, ќе кажеше супер популарниот Бата во култната „Викенд на мртовци“. Земјата на ракометот, по 15-ти пат во низа е на големите собири, од континентален и глобален карактер. Таличен е месец мај за нашиот, македонски, ракомет.

Далас Маверикс стекна право на прв пик - ќе потпишат со неверојатен талент

Во НБА лигата покрај сјајните дуели во доигрување за шампионската титула, на големо се зборува и за претстојниот НБА драфт. На лотаријата синоќа Далас Маверикс доби право на избор на првиот пик за 2025-та година.

Ѓоковиќ ја прекина соработката со Мареј

Добрите другари и стари познаници од тениските терени пред почетокот на 2025-та се договорија за соработка со тоа што Енди Мареј се приклучи на стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ. Но Ноле се уште не стигна до својот јубилеен 100. трофеј во кариерата, испадна рано на неколку турнири по ред па реши да ја прекине соработката со Мареј.

35 години од „Максимир“

Денес се навршуваат 35 години од првенствениот натпревар меѓу Динамо Загреб и Црвена звезда и големиот инцидент кој симболично го означи почетокот на распадот на поранешна Југославија. Овој натпревар требаше да биде дерби за шампионска титула зошто таа сезона двата клуба се бореа за пехарот. Се испостави дека тензиите на национална и верска основа кои се ширеа низ поранешната држава, се прелеаа и на спортски терен. На трибините се судрија навивачките групи Бед Блу Бојс и Делије а настрадаа и 100-ина припадници на полицијата.

Генијален корнер на Ал Итихад, Бензема прсна од смеење

Уште ваков корнер немавме видено. Што намера имаше братов? Резултат да не чуваше? Па 3:0 имаа во 95-та минута. Тројка да не шутне противникот? И Карим Бензема му се смееше на својот колега.