Offside

Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.

Шампионската дружина што игра најубав фудбал

Барселона со еден од најдобрите напади на светот заслужено стигна до шампионска титула во шпанска Ла Лига и по освоените Супер Куп на Шпанија и Кралски Куп, ги обедини сите три пехари сезонава.

Лапорта одлепи во соблекувална, а Јамал и Гави не можеа дома да си одат

Општо лудило и внатре и надвор од стадион. Првиот човек на Барселона слави во соблекувална како ултрас, а надвор настана тотална блокада пред колите на играчите. Јамал и Араухо од кров им се појавија на навивачите.

Карма тешка губење титула за Ајакс

Вториот голман на Ајакс одбива да му ја даде топката на едно од децата што е задолжено да ги собира и тоа се случува при резултат 1:2. Потоа Гронинген израмнува, а детето му се враќа на голманот и му нуди друга топка за да ја крие во скут. Со други зборови, го шамара во фаца. Со голот на Гронинген во 99 минута за конечни 2:2, Ајакс ја губи лидерската позиција и во последно коло прв на табела е ПСВ.

Фантастична одбрана на Шчесни кој од пензија го вратија

Пољакот се задоволи со 15 годишна кариера и 11 трофеи освоени во Арсенал и Јуве и реши повеќе да на брани на само 34 годишна возраст. Но Тер Штеген се повреди сериозно, а телефонски повик од Барселона не се одбива. Војчех одговори со низа на импресивни одбрани. Погледнете како се брани гол во игра еден на еден.

Флик побара од играчите да не слават на терен, Јамал веднаш се повлече во соблекувална

Ханси Флик е господин човек. Веднаш по последниот свиреж на судијата, се обиде да ги повлече играчите во соблекувална, со цел да не ја слават титулата на теренот на нивниот градски ривал Еспањол, кој пак одговори со некоректен потег. Им пушти прскалки.

Еспањол пак не и даде на Барса да слави титула на нивен терен

Со најубав фудбал во цела Европа, Барселона предводена од Ханси Флик стигна до заслужена шампионска титула, 28-ма во клупската историја. Но исто како и пред две години кога освоија титула со Чави баш на гостински терен кај градскиот ривал Еспањол, така и сега не им беше дозволена прослава на терен.

Шок во Шпанија, луда жена со кола се залета среде навивачи на Еспањол

Пред градското дерби Еспањол - Барселона кое Барса го доби 0-2 и ја завери шампионската титула во Шпанија со прекрасен гол на Ламин Јамал, надвор пред стадионот се случил страшен инцидент. Во толпата навивачи на Еспањол некоја жена се залетала тотално без памет со огромна брзина и покосила голем број луѓе. Извештаите во Шпанија велат дека повредени се најмалку дваесетина лица од кои некои потешко.

Денвер и Јокиќ не се даваат, израмнија со врвна партија на Мареј и Никола

Кошаркарите на Денвер Нагетс конечно после долго време заиграа сите од прв до последен па со голем придонес и на резервистите и на првотимците ја совладаа Оклахома Сити Тандер 119:107, израмнија на 3:3 и ги чека многу тешка мајсторка за пласман во конференциско финале.

Величествен крај на Барселона со спектакуларен гол на Јамал вреден шампионска титула

Не можеше поубаво и поатрактивно да заврши прекрасната приказна за сезоната 2024/2025 наречена Барселона, која на Европа му пружи извонреден фудбал. Титулата број 28 и официјално е заверена. Тројна круна за Флик.

Тежок залак за Македонија на Европско, меѓу противниците ја има Данска

Македонската ракометна репрезентација на денешната ждрепка во Хернинг, Данска ги дозна противниците на ЕП, кое ќе се одржи во јануари 2026 година во Шведска, Данска и Норвешка.

Оток на денот

Испил 6 ракии од сабајле и место да седи мирен и да гледа фудбал, го отече девојчето. Потоа доби одговор и пак продолжи да и досаѓа.

Како Бокшиќ го пречекал Станковиќ во Италија по завршувањето на војната?

Лацио одбележа вчера 25 годишнина од она славно Скудето кое го освоија во последно коло, кога Јувентус на дождот во Перуџа, неочекувано загуби со 1:0. Дејан Станковиќ има нешто да раскаже од тоа време.

Говор за паметење: Симеоне за Анчелоти

Чоло Симеоне и Карло Анчелоти, тренери на двата можеби најголеми шпански ривали, градските конкуренти Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, водеа многу битки во текот на годиниве. Но и покрај тензиите, вревата, спорните моменти, титулите, головите и тепачките меѓу играчите, тие двајца секогаш останаа добри пријатели. Почит. Стара школа.

Од кај го извади бе дриблингов?

Исмаел Саибари е репрезентативец на Мароко кој игра за ПСВ. Седум пати по ред му го изгледавме овој дуел 1 на 1. Нас во редакција не збуни, не па тој што го чува. Врвна мангупарија. Браво.

Како оди трката за Златна копачка во Европа? Мбапе го стигнува Ѓекереш

Со трите гола, со хет-трикот на Мбапе против Барселона во поразот 4-3 во Ел класико за титула во Шпанија, напаѓачот на Реал Мадрид синоќа постигна гол и против Мајорка и сега е на само -1 гол од врвот на листата најдобри стрелци каде долго време царува неприкосновениот Виктор Ѓекереш.

И во Словенија агресија на фудбал

Крајот на финалето на Купот на Словенија во кое Цеље го растурил Копер со 4-0 го одбележила голема тепачка меѓу играчите од двете екипи но и на тренерите кои наместо да смируваат, го распалиле оганот. Хаосот настанал по четвртиот погодок на Цеље кога Франк Сидибе од Копер без причина го удрил Тамар Светлин. Толку требаше. На крајот црвен добил фудбалерот Фелипе Курсио а покрај теренот се пресметувале тренерите Алберт Риера (екс Ливерпул) и Славиша Стојановиќ.

Карамболот во Хамбург за кој зборува Германија

Фудбалерите на големиот германски клуб Хамбургер кој последниве неколку години мака мачеше во втора лига, успеаа сезонава да се изборат за пласман назад во Бундеслига после цели 7 години! Хамбургер испаѓаше во баражи, губеше во последно коло, навивачите претрпеа многу разочарувања откако за првпат во историјата испаднаа пред седум години. Сега со 6-1 го совладаа Улм, први се на табела со 59 бода на коло пред крајот во втора лига. Навивачите збеснаа од радост и прослава.

Навивачи на Динамо претепале тројца Италијанци зошто ги снимале

Непишано правило, макар на поорганизираните навивачки трибини ширум Европа (пред сè на Балканот) е да не се вади телефон и да не се снимаат луѓето на трибината и општо што било на трибината. Тројца Италијанци, туристи низ Хрватска, биле на мечот Динамо Загреб - Славен Белупо (5:0) и отишле на северната трибина на „Максимир“. Почнале да снимаат и добиле ќотек.

И многу славење не е на арно

Состојбата на стадионот на Хамбург после инвазијата на навивачите на терен по повод промоцијата во Бундеслига. Вака на прва човек да го гледа клипов, нема да знае ова дали е ова резултат на славење или дивеење поради испаѓање.

Кореографија на навивачите на Феенорд за бомбадирањето на Ротердам

Тифото се однесува на 85 годишнината од воздушните напади на Хитлер кои се случија на 14 мај 1940 година. Според официјалниот список објавен во 2022 година, најмалку 1.150 луѓе биле убиени, од кои 711 само во бомбардирањето на 14 мај, а уште 85.000 останале без покрив над главата.

Сабаленка знае и да реплицира на волеј

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленко која со месеци си поигрува со своите ривалки, синоќа изгуби во четвртфинале на АТП Мастерсот во Рим од Кинеската Чинвен Џен 6:4, 6:3. Натпреварот траеше час и 38 минути а со овој пораз Сабеланко прекина победничка серија. Во еден момент од дуелот некој од публика и дофрли: „Ајде Арина, играј тенис“, а таа возврати со: „Замолкни“!

Артуро Видал уште игра и уште прави глупости

Во 5. коло на Копа Либертадорес, аргентински Расинг Клуб со 4-0 го растури чилеански Коло Коло. Расинг е прв на табела во 10 бода, а Коло Коло има само 2 бода и веќе е испаднат од групната фаза. Артуро Видал уште игра за Коло Коло, а синоќа доби втор жолт и црвен картон во 63-та минута зошто гестикулирал кон навивачите на Расинг број 2 како потсетување на 2 Копа Америка титули кои Чилеанците ги освоија токму против Аргентина на Меси во финале.

Реакцијата на навивачите на ПСВ кога Ајакс прими гол во 99-та

Имаме снимка од Ајндховен која долго ќе се врти. Откако ПСВ во претпоследното коло си ја заврши работата со победа против Хераклес од 4:1, навивачите ги вклучија телефоните и го следеа мечот Гронинген - Ајакс каде резултатот беше 1:2. Погледнете им ги реакциите во 99-та минута. До солзи се радуваа на израмнувањето. Прајслес.

Болоња го победи Милан во финале и го освои првиот трофеј после пола век

Фудбалерите на Болоња се апсолутен хит сезонава во Италија откако синоќа го победија Милан со 1-0 на преполниот „Олимпико“ во Рим во финале на Куп на Италија и го освоија првиот пехар од 1974-та година!