Offside

Масимилијано Алегри прави кам бек во Милан по 11 години. Тогаш им донесе Скудето и Супер Куп на Италија, а потоа се прослави во Јувентус со 12 трофеи. Ќе има тешка задача, а тоа е да го врати победничкиот менталитет на тимот, кој имаше лоша сезона и остана без пласман во Европа. Ова се неговите принципи на работа.

Бразилска соло мајсторија за почит на Параолимписките игри

Рикардо Алвес познат како Рикардињо го загубил видот на 8 години, а веќе има освоено 3 златни олимписки медали. Погледнете го ова движење со инстинкт на мечот против Франција на Параолимписките игри во Париз.

Најјакиот сервис на Јапонец кој ги збуни САД

За време на дуел меѓу Јапонија и САД во одбојкарската Лига на нации, Јапонецот Кенто Мијаура сервирал страшен сервис со чудна траекторија. Фелш каков што не го бранат ни двајца.

Како во Селта известија играч дека е викнат за репрезентација?

Тренерот на Селта, Клаудио Гиралдез го сецна Оскар Мингеза за играта во одбрана дека била срамота, а потоа му рече дека е уште поголема срамота што Луис де ла Фуенте го викнал да игра за Шпанија.

Статистика за посетеност во првите три германски лиги

На 24-ти август почна новата сезона од германската Бундеслига. Стадионите како по обичај крцаа до последно место и немало игла кај да падне. Борусија Дортмунд чии навивачи „со две нозе влегоа“ во новата сезона, имаше најголема посета досега. Еве како било во прва, втора Бундеслига и трета лига.

Прваче на годината

Што оценка ќе има по физичко? Петка, од прво до крај.

Англискиот на Надал на времето

Не дека и сега му е џам како на Ноле, ама порано повеќе шкрипел. Ем е помлад, ем треба течно да се изрази во камера.

А сте виделе ли нечујни бранови во публика?

Во Париз на Паралимписките Игри 2024 кои почнаа по Олимписките, многу привлечен спорт е фудбалот 5 на 5. Се игра подно Ајфеловата кула и скоро секогаш трибините крцаат. На еден меч гледачите правеле бранови, ама нечујни зошто буката им сметала на играчите на терен.

Шмајхел за Манчестер Јунајтед: Ми доаѓа за заплачам

Легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел во друштво на Мајкл Овен и Пол Сколс, зборува за очајот на клубот кој никако да заврши. „Зборував со Сер Алекс. Што сè има направено за овој клуб. Седам со него и тој го гледа ова. Тоа за мене е многу тажно. Ми доаѓа за заплачам“.

Тешко тениско безобразие

На натпреварот од Отвореното првенство на САД меѓу Јулија Путинцева и Јасмин Паолини, оваа првава додека губела, во нервоза идиотски се понела со едно девојче задолжено за собирање топки.

Ретко видео од Роналдињо на мал фудбал

Бразилецот одвреме-навреме игра на ревијални натпревари во мал фудбал и покажува каква дарба поседува. Во 2017-та година играл во професионалната лига во мал фудбал во Индија каде правел шоу. Играл за тимот Гоа, трибините биле преполни за него и многу придонел за развој на малиот фудбал во оваа земја.

Брзај брзај прваче на првиот час и во Шпанија

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте кој летово ја направи Шпанија нов европски шампион и донесе титула која бурно се прослави во Мадрид, сега на необичен начин го соопшти составот на репрезентацијата за натпреварите кои следат во Лига Нации.

Немој друг пат со ножички ок?

Примерот за тоа како не треба на прва, ни доаѓа од Хонг Конг. Штопни си ја друг пат друже, прозори ќе искреше ако ја фукнеше посилно.

Суарез најави крај за Уругвај и се расплака на прес-конференција

Триесет и седум годишниот Луис Суарез најави дека ќе се повлече од репрезентацијата. На прес-конференција, „Ел пистолеро“ се расплака и кажа дека натпреварот против Парагвај од квалификациите за Светско првенство 2026 кој се игра во петок во Монтевидео на стадионот „Сентенарио“ ќе биде негов последен во небесно-синиот дрес на Уругвај.

Играч на Нирнберг истепан зошто носел дрес од Баерн Минхен

Пред неколку дена фудбалерот Никлас Зомер објавил едно видео на кое зборува облечен во дрес на Баерн Минхен и ја нарушил својата репутација кај навивачите на Нирнберг, клуб за кој игра и кој го плаќа.

Осимен манија во Истанбул

Во Турција дефинитивно поинаку се доживува фудбалот. Во 3 по полноќ го чекаа новото засилување, меѓу нив и деца.

Топло е, дајте прскалки со вода

За време на дуелот Монако - Ленс во француската Лига 1 кој заврши 1:1 со голови буквално во последните минути од мечот, гостинските навивачи добиле убаво освежување од домаќинот. Со јак шмрк вода.

Бербатов со поздрав од морето

Најдобриот бугарски фудбалер после Христо Стоичков, Димитар Бербатов и на одмор знае да покаже што правеше на времето додека беше активен фудбалер.

Вардаровите легенди го отворија турнирот „Сокол“

Поранешните фудбалери на Вардар кои со голем успех го носеа црвено-црниот дрес, и официјално го отворија меморијалниот турнир „Оливер Соколов - Сокол“. Годинешново издание е јубилејно 20-то, наградниот фонд е рекорден, а пријавени се екипи од целата земја кои ќе демонстрираат вештини во мал фудбал.

Топовски удар на сред терен

На мечот Раднички Крагујевац - Црвена Звезда топовски удар бил фрлен од страна на навивачите од Крагујевац а најдебелиот крај го извлекол словенечкиот репрезентативец Вања Дркушиќ кој го имаше дебито за белградскиот клуб.

Ф-е-н-о-м-е-н-а-л-н-о

Триесет и шест годишниот Ивор Вајцер кој игра за НК Опатија во втората хрватска лига, го постигна најубавиот гол досега сезонава во хрватскиот фудбал. На мечот против Рудеш додека неговиот тим играл со играч помалку, Вајцер му одзел една топка на противничкиот фудбалер Пасаричек и постигнал еврогол од пола терен во 68’ минута.

Нема поголема радост од голмански гол во последен момент

Некогашниот гигант Бордо како што е познато, веќе некое време поминуваше низ крајно драматична криза па летово француската фудбалска федерација поради долгови и стечај го исфрли овој клуб во четврта аматерска лига. Таму Бордо после 1 одигран натпревар има 1 бод кој им го донесе 23-годишниот голман Ласана Дијабате со ефектен гол со глава во длабоко судиско продолжение.

Каземиро, време е

Триесет и две годишниот Бразилец кој 9 сезони беше член на Реал Мадрид со кого освои дури 5 пехари во Лига на шампиони, 3 шампионски титули во Ла Лига, веќе извесно време не е тоа што беше. Навивачите на Манчестер Јунајтед за дебаклот од Ливерпул 0:3 на „Олд Трафорд“ со прст покажуваат во него. Има и зошто.