Разно

Лукоил супериорен во дуелот со ЈП Дрисла

Во првиот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил беше немилосрден против ЈП Дрисла, A1 славеше против Гранит, а Ван Хоол и ЈСП си ги поделија бодовите.

Нова наградна игра на MOZZART – „Наплати го најголемото промашување“!

Колку пати имате „паднато“ за само еден пар? Тој проклет тикет сакате да го згужвате, запалите, изедете, исецкате... Сешто ви паѓа на памет во тој момент, бидејќи се работи само за еден пар...

Водителка покрадена во Катар, полицијата ја прашала да бира казна

Аргентинската новинарка Доминик Мецгер која известува од Катар, за време на едно јавување била изџепарошена од лопови, па се пожалила кај катарската полиција.

Како тоа Ѓоковиќ игра тенис во Торино, а во исто време гледа фудбал во Катар?

Каков Морган Фримен, каква церемонија. Па ова е најјакиот кадар од отворањето на Мундијалот. Дајте му рекет на Арапов, немогуќа е сценава.

Ибра прв на честитање кај Новак

По завршувањето на Мастерсот во Торино кој го освои Ѓоковиќ откако во финале го совлада Каспер Руд, падна балканска средба меѓу двајца шампиони на кои стално им е ќеиф кога ќе се видат.

Ѓоковиќ после титулата во Торино: Фала Македонија

По Данил Медведев, Андреј Рубљев, Стефанос Циципас и Тејлор Фриц, Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Торино го совлада норвешкиот претставник Каспер Руд со 7-5, 6-3, триумф кој му носи 1.500 поени на АТП листата и парична награда од 4,7 милиони долари. Во големата еуфорија на потпишување автограми се најде и Македонецот Димитар Бадев кој врза кус муабет со тенискиот ас.

Ѓоковиќ се тресеше од замор на мечот против Медведев

Новак Ѓоковиќ славеше против Данило Медведев со 2:1 со што обезбеди пласман во полуфиналето на АТП турнирот во Торино. Видеото кое најмногу кружи од тешката тричасовната битка е моментот кога Србинот седи исцрпен и се тресе од умор.

Гледачите зачудени: снукер погодок еден во милион

Најдобрите снукер играчи во моментов играат на Отвореното првенство на Велика Британија каде се комплетира четвртфиналето. Кајрон Вилсон не извади карта за таа фаза зошто изгуби од Марк Ален со 6:3 но Вилсон ќе се памет по најчудниот и најневеројаниот потег на целиот турнир. Гледачите беа во чудо.

Ѓоковиќ тренираше со син му и ќерка му во Торино

Тара има 5 години а Стефан има 8 години. И двајцата деновиве се во Торино каде на Завршниот мастерс на најдобри светски тенисери го следат татко им кој оствари две победи на првите два меча.

Алегри исвиркан во Торино додека го гледал Ѓоковиќ

На мечот од првото коло меѓу Ѓоковиќ и Циципас на Завршниот мастерс во Торино каде играат најдобрите светски тенисери, режисерот во еден момент во кадар го даде тренерот на Јувентус, Макс Алегри. Го исвиркаа поединци. Дали навивачи на Торино дали на Јуве кој ќе го знае.

Кинез истрча маратон со цигара во уста цели 42 километри

Маратонците важат за едни од најздравите спортисти кои во пракса треба со чоколадо да берат памет, а не па со тутун. Чен не мисли така и ја тера по свое, ама не ги прекршува правилата.

Што е со мистериозниот напиток кој заврши кај Ѓоковиќ на сред натпревар?

Новак Ѓоковиќ не успеа да испише историја и да стане прв тенисер со 7 трофеи на Мастерсот во Париз, откако загуби од младиот Данец Холгер Руне. На Твитер се појави снимка од полуфиналниот меч против Циципас, на кој неговиот тим скришно спрема пијалок во шише и му го праќа преку едно од девојчињата задолжени за собирање топчиња.

Одиш да учествуваш на турнир како Надал, а обезбедувањето со прашање: Кој сте вие?

Мастерсот во Париз останува еден од четирите престижни турнири кои Надал никако да ги освои. Загуби неочекувано уште во второ коло од Томи Пол со 2:1. Кај загуби, па уште и не го познаа на врата.

Новак им направи забава на децата задолжени за топчиња

Ѓоковиќ во второто коло од турнирот во Париз го совлада незгодниот сервер Максим Креси со 2-0 во сетови 7?6 и 6:4 и се пласираше во следна рунда каде го чека Карен Хачанов. Српскиот тенисер веднаш после мечот им се приклучил на децата задолжени за топки кои играле пинг-понг.

Рударот кој после смена го однел синот на натпревар е хит во САД

Фотографијата од натпревар во американската колеџ кошарка го обиколи светот. Еден од подобрите тимови во оваа лига, Кентаки Вајлдкетс ги има и најверните навивачи меѓу кои се и едни татко и син.

Реална трка е ова или видео игра?

Американскиот возач Рос Честејн во последниот круг од плејофот во НАСКАР Купот, вози на десетта позиција и се соочува со елиминација од трката за сезонската титула. Во еден момент се решава за лудо сценарио. Гас до даска и покрај ограда. Резултатот на крај? Од десетти завршува петти со што останува го игра за титулата.

Животот на Борис Бекер зад решетки

Шест месеци по осудата за финансиски малверзации, трикратниот освојувач на Вимблдон и доскорашен тренер на Ѓоковиќ им предава физичко на “колегите“ во затвор. Што и не им е баш по ќеиф.

Се мачиш со тешки куфери и ти влетува на помош Новак Ѓоковиќ

Српскиот тениски ас е во Париз каде ќе брка седма титула на мастерс турнирот „Ролакс Париз“ (29 октомври - 6 ноември). Излезе да џогира во парк и како прав машки џентлмен и се најде на една возрасна жена која се амбицираше со куферите. Каков човек.

Калин Ивановски го освои турнирот во Грција без загубен сет

Големата македонска тениска надеж е победник на ИТФ фјучерсот кој изминатива недела се играше во Ираклион.

Серхио Перез ја владее патеката во Мексико мижеечки

Што ти е домашен терен, ги затвори очите, точно ги менуваше бризините и не промаши ниту еден свиок. Имаме еден круг со мексиканскиот возач Серхио Перез, во пресрет на трката за Големата награда во Мексико сити. Беспрекорно извозено мајсторе.

Дечко каков тенис, ти си роден за фудбал

Беноа Пер е познато име во светскиот тенис. Триесет и три годишниот Французин роден во Авињон има пристојни резултати веќе неколку години наназад и е редовен учесник на најголемите турнири. Само има проблем со константноста, понекогаш не може да се носи со големиот притисок и знае да губи добиени мечеви. Дошол на тренинг во францускиот прволигаш Брест каде покажал неверојтно чувство за фудбал и пеколна левица.

Енди Мареј со штосна смс порака до Федерер кога слетал во Швајцарија

Светскиот рекет број 49 го бива за хумор. За време на пензионирањето на Роџер Федерер направи спрдња на своја сметка. Еве го сега со нова, која кој знае како ќе ја сфати еден познат фудбалер на Арсенал.

Сте гледале ли вие тенис во двојки, ама во забавена снимка?

За таков вид на забава мора да го имате шоуменот Мансур Барами кој на 66 години уште го има тој негов младалачки дух.