Само за тебе Сузан, 258 кила на две раце

На неверојатните олимписки приказни им нема крај. Имаме уште една емотивна после поделбата на златниот медал во скок во височина. Ни доаѓа од Пекинг 2008. Матијас Штајнер и ветил на сопругата дека еден ден ќе освои златен медал во кревање тегови. Во 2007-ма му се случува трагедија, сопругата Сузан Штајнер му гине во сообраќајна несреќа. Матијас следната година оди во Пекинг, не му успева ниту од прва, ниту од втора, но од трета мајка крева 258 кила и победува. Во едната рака го држи медалот, во другата фотографија од нејзе.

12 август 2024 - 12:30