Разно

Како после да не бидат најдобри на свет во пинг-понг?

Кина е апсолутен лидер во освоени златни медали во пинг-понг во поединечна, групна, машки сингл, женски сингл, мешани двојки. Имаат вкупно 107 освоени златни одличја на сите турнири. А како и не би имале со вакви тренинзи?

Бејл дебитираше во професионален голф

Велшкиот фудбалер кој освои дури 5 пехари во Лига на шампиони и 3 титули во Ла Лига со Реал Мадрид, пред 25 дена стави крај на фудбалската кариера и очекувано, прејде во неговиот најомилен спорт.

Најмачниот настап на Ѓоковиќ на Австралија опен по кој му се случи пресвртница во кариерата

Кралот на отвореното првенство во Мелбурн владее со 10 трофеи во последните 15 години. Овој настап го смета за најголема победа. Но сигурно вечно ќе го памети и оној пред 13 години кога паднал во тоалет на колена. Од мака.

Шпанскиот писател Хуан Мануел Прада: „Фала ти Новак за секоја протечена солза“

Еден од најнаградуваните шпански современи писатели, Хуан Мануел Прада Бланко за АБЦ Опинион напишал текст посветен на 10-кратниот освојувач на Австралија Опен.

Новак Ѓоковиќ е само добар човек во овие лоши и изопачени времиња

Федерер и Надал се принцови, недопирливи се и за оние кои ги гледаат и навиваат за нив. Новак Ѓоковиќ не е принц, бидејќи неговата потреба да биде сакан го поврзува со заедницата и тениското човештво како целина.

Детал од прославата на Новак кој не се виде во преносот

Откако ја искористи меч топката во финалето со Стефанос Циципас за победа, камерите го дадоа Ѓоковиќ како покажува со прст на глава па на срце, но не и на третиот, по многумина многу битен детал за еден спортист.

Иванишевиќ: Новак е од друга планета, неговиот мозок работи поинаку

„Знаете кога еден претседател ќе посети странска земја и ќе му дадат список од 37.000 работи, средби итн. Новак имаше 37.000 терапии и третмани. 97% од играчите би се повлекле по резултатите од магнетната резонанца“.

А видовте ли како славеше татко му на Ѓоковиќ среде Мелбурн?

За мир во куќа, дома го гледаше и полуфинале и финалето, тоест во хотелската соба, ама па ај седи во место да те видам, кога син ти ќе освои 22-ри Гренд слем.

Порака од Ѓоковиќ за сите млади тенисери

„Убеден сум дека колку потешко детство сте имале и со колку поголеми тешкотии и битки сте се соочиле, ќе станете посилни. Јас и Стефанос сме доказ за тоа. Не му дозволувајте на никој да ви ги одземе соништата. И само еден човек да ви даде поддршка, најдете го тој човек и сонувајте високо, бидејќи можете да успеете“.

Поенот кој го одбележа финалето во Мелбурн

„Тој е најдобриот што некогаш држел тениски рекет“, рече Гркот Стефанос Циципас после загубеното финале на Австралија опен со 3:0.

Фото на денот

Притворен, депортиран, критикуван, линчуван медиумски. Годинава повреден, провоциран и под притисок да мисли и на потезите на татко му. Сè издржа и во рок од 12 месеци им покажа на Австралија и светот дека ништо не може да му застане на патот кога ќе тргне по трофејот. Ниту момците од помпезно најавуваната „NextGen“. Каква ментална сила има овој човек.

Емотивна реакција, Новак се расплака по новата титула

Витешки Ѓоковиќ го издржа сè она што го следеше во последните година дена откако лани прво беше држен во притвор во Мелбурн па депортиран од Австралија поради неговиот вакцинален статус. Година дена подоцна стигна до 10-та јубилејна титула во Мелбурн и стигна до 22. Гренд слем трофеј со што се израмни со Рафа Надал на вечната листа.

Голема победа на Ѓоковиќ за 10-та титула во Австралија!

Во големото финале на Гренд Слемот во Мелбурн, после 172 минути игра, Новак Ѓоковиќ го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3:0 по сетови 6:3, 7:6, 7:6. Ова е 22 Гренд Слем трофеј за српскиот тенисер со што се изедначи на вечната листа со Рафа Надал.

На завршницата на Австралија Опен 6 руски и белоруски тенисери и тенисерки

По избивањето на воениот конфликт меѓу Украина и Русија, сите руски и белоруски спортисти се соочија со драконски суспензии. Репрезентациите во многу спортови беа исфрлени од европски и светски првенства, а оние спортисти (тенисери и тенисерки) кои добија „милост“ да се натпреваруваат, го прават тоа под неколку услови.

По големиот метеж, татко му на Новак решил каде ќе гледа полуфинале

Триесет и четири годишниот Александар Долгополов, во моментов неактивен тенисер, на Твитер напиша дека таткото на Ѓоковиќ, Срѓан треба да биде исфрлен од Гренд слемот во Мелбурн поради тоа што се најде меѓу група српски навивачи кои вееја руски знамиња и скандираа за Русија.

Скапа слика

Девојка фоторепортер од натпревар во американски фудбал. Или е храбра, или е луда. Или и двете. Трето нема.

Ѓоковиќ и даде цвеќе со автограм на новинарката која го штипна на интервју

Го победи Рубљев 3:0 и обезбеди 44-то Гренд слем полуфинале. Потоа им честиташе роденден на физиотерапевтот и мајка му, па побара од публиката аплаузи за Федерер. И на крај стаса и цвеќе да и подари на новинарката на Еуроспорт.

Роденденски честитки за мајката и физиотерапевтот на Ѓоковиќ и респект за Федерер

Шоуто на Новак Ѓоковиќ не завршува со натпреварот, туку тогаш почнува. По елиминацијата на Рубљев, следуваа пар џентлменски гестови, кои не ги прави секој светски спортист.

И покрај силниот ветер, дофрлувањата и провокациите, Новак го збриша Рубљов со 3:0

Новак Ѓоковиќ го продолжува походот кон 10-та титула на Австралија опен откако во четвртфиналето го елиминираше Андреј Рубљов.

Од толку финалиња, Ѓоковиќ веќе не памти со кого играл

Во пресрет на утрешното четвртфинале против Андреј Рубљов, Новак Ѓоковиќ зборуваше за предностите што во моментов е единствен тенисер на Австралија опен со освоен Гренд слем во кариерата. Во еден момент го истакна искуството на Циципас, ама не беше сигурен дали има финале во кариерата, па новинарите го потсетија за пресвртот од пред две години во Париз.

Имаме ние редари за знамиња ако треба

Откако организаторот на Австралија Опен на сугестија на украинскиот конзулат реши да забрани руски знамиња на трибините, редарите добиле насоки што смее а што не смее да се внесува на стадион. Па си имаат и список со словенечки, словачки, српски знамиња...

Ѓоковиќ со силна емоција за ќерка му Тара

Откако го испраши домашниот тенисер и последната надеж на Австралијците на овогодинешниот Австралија Опен, Алекс Ди Минор, Новак Ѓоковиќ на теренот одговараше на прашања на водителот Џим Курије кој ги интервјуира тенисерите.

Новинарка на Еуроспорт го штипна Ѓоковиќ за да провери дали е човек

Австралиецот Алекс Де Минор, инаку 12 години помлад, не можеше ниту да му парира на Новак на Австралија опен. Загуби убедливо 6:2, 6:1 и 6:2 и доби лекција по тенис. За Србинот ова е 13-то четвртфинале во Мелбурн и вкупно 54-то на Гренд слем турнирите. Погледнете како му почна интервјуто за Еуроспорт.

Ново чудо на Мареј, играше 6 часа, губеше 0-2 во сетови и на крај победи

Што и да се случи на овогодинешниот Австралија Опен, морален победник и апсолутен јунак е Шкотланѓанецот Енди Мареј. Она што го прави во Мелбурн последниве денови е рамно на чудо.