Треба 77.200 жители на Бразил да ги отселат од дома, за господата да организираат Олимписки игри во земја каде врие од протести, исто како за Мундијалот и каде за сиромашните бедата и неправдата се секој ден поголеми. Згора на се Олимпискиот парк е изграден врз земјиштето на 12-от најбогат Бразилец кој во договор со властите паркот потоа ќе го претворел во елитен град.
Најдобриот словенечки играч Горан Драгиќ уживал на брегот на Јадран во Хрватска кога во еден момент сфатил дека останал без новчаникот во кој имал важни документи, картички и неколку различни валути. Имал среќа што го нашол чесен чистач на плажата.
Возачот на Мерцедес, актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон е победник на десетата трка во сезоната, на трката за Големата Награда на Велика Британија.
Најхаризматичниот светски судија во моментов има и свои маани, како на пример отворените манири да разговара со тренерите за тоа кој играч е добар а кој не му треба. Стресот од разгалените милионери на теренот го канализира со пакет лименки пиво.
Прилично неочекувано, италијанската екипа во Формула 1 го продолжи договорот со финскиот ветеран до крајот на сезоната 2017. Од Скудерија велат дека немале голем избор.
Коментаторот на спортскиот канал Арена Спорт Ненад Миловановиќ, кој ги читаше резултатите од комплетното коло во италијанското првенство, во еден момент се изнервира што не го изговори правилно Кјево Верона. И бидна што бидна во живо.
28 видови спорт, 306 медали - сето тоа ќе го гледаме на летната Олимпијада која што за првпат се одржува во Јужна Америка. Каква е ситуацијата таму во моментов?
Девонт Вилсон стана хит на Јутјуб откако реши да направи видео со колекција на сите негови подвизи од 19 години до денес. На Инстаграм го следат преку 260.000 луѓе, а неговите видеа на Фејсбук ги посетиле 3 милиони луѓе. И вреди да се гледа.
22-годишниот Французин Лукас Пује е најголемото изненадување во досегашниот тек од Вимблдон, затоа што од сенка победи неколку фаворити. За да стигне до тука се спремал во Дубаи и учел од неговиот идол Федерер.
Новиот ланец за спортска опрема нуди папучи од 232 денари, машки и женски маици од 392 денари, шорцеви од 472 денари, долен дел тренерки од 712 денари, детски патики од 792 денари, машки патики од 792 денари и женски патики од 712 денари.
Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Австрија во неизвесен финиш во кој го исфрли од трка Нико Розберг во последниот круг.
На вчерашниот дуел против Шпанецот Алберто Рамос Вињолас во 2. коло од Вимблдон, Троицки урлаше кон судијата: „Ти си комплетен идиот! Ти си идиот, најлош и најужасен судија на светот! Мрш!“. И не му е првпат да гаѓа судии со топчиња и да ги пцуе и навредува.
За потег на денот на Вимблдон е избрана мајсторијата на Григор Димитров, но ние си прогласивме два најдобри потези и го вметнавме потегот на Италијанецот Фабио Фоњини кој доби аплаузи за штосниов поен.
Најдобриот француски играч на Европсково, Антоан Гризман му ја подарил топката од мечот против Ирска на кој даде два гола, на Иго Салванг. син на Жан-Баптист Салванг, полицаецот кој бил убиен пред две недели од џихадистите.
За Маркус Вилис никој не знаел до овогодинешниот Вимблдон. Освен неговите ученици во малиот тениски клуб. Ја баталил играчката кариера, но девојка му го вратила на теренот.
Маркус Вилис очекувано беше поразен од Роџер Федерер со 3:0 во второто коло на Вимблдон, но за 775-ти тенисер во светот беше доживување да се игра против 7 кратниот освојувач на Вимблдон на кој успеа да му земе 7 гема кој сигурно ќе ги збори по другари.
Извесен Маркус Вилис, 775-ти тенисер во светот сакал да се повлече од тенисот бидејќи не му одело, а во 2016-та од тенис заработил 300 долари. Потоа му се вмешува девојката и го тера да остане. Британецот ја послушал, ги минал претквалификациите, квалификациите и првото коло во Вимблдон каде успеа да го елиминира Ричард Беранкис, 54-ти тенисер на светот.
Sport Vision Outlet Extra Nike нуди Аdidas, Reebok, Timberland, Converse, Champion, Sergio Tacchini, Ellesse, Lonsdale, Umbro и други производи од познатите светски брендови.
Најпрестижниот турнир во светот го освојува две години по ред, а сега ќе се обиде да стигне до хет-трик или вкупно четврти во кариерата. Формата му е следна:
Ако по чудото против Австрија кога дадоа гол буквално во последната секунда за сигурен пласман понатаму, исландскиот коментатор полуде, тогаш претпоставуваме што му се случувало на дуелот против Англија. Историски меч за неговата земја.
Милиони фудбалски фанови буквално го планираат животот според распоредот на натпреварите на ЕП 2016. Додека фудбалерите ве импресионираат со своите голови, дриблинзи и акции, ние ви ги презентираме интересните и помалку познати факти за најомилениот спорт во светот.