Семејството на Шумахер влече очајнички потези

Состојбата на Михаел Шумахер никако да се поправи, но тоа ниту еднаш не ги обесхрабрило најблиските кои и натаму веруваат во чудо. Чудо кое за сега многу чини.

Според пишувањата на Билд, семејството на легендарниот Шумахер е примарно да го продаде неговиот омилен Мерцедес а се со цел да ги подмири трошоците за лекувањето кое неделно изнесува неверојатни 140.000 евра.
 
Откако седумкратниот светски шампион пред три години падна на скијање и тешко ја повреди главата, семејството Шумахер и натаму се бори со црните прогнози и предвидувања, плаќајќи притоа колку и да треба за да го вратат Михаел во нормална состајба.
 
Трошоците за лекувањето на Шуми биле исклучително високи, така што фамилијарните досега ја продале луксузната вила во Норвешка, приватниот авион, а сега во Берлин го огласиле и Мерцедесот вреден 120.000 евра. Портпаролката на семејството се воздржува од било какви изјави и коментари, но германските медиуми од кругови блиски на семејството дознаваат дека финансиската состојба на семејството Шумахер не е идеална како некогаш.
 
Во знак на поддршка на Шумахер синоќа многу познати ѕвезди на светскиот спорт одиграа хуманитарен фудбалски натпревар во негова чест.
 

Во Мајнц, на Кофас Арената каде долги години капитен беше нашиот Николче Новески, се собраа синот на Шумахер, Мик Шумахер, Мика Хакинен, Дејвид Култхард, Дирк Новицки, Лукас Подолски, Нико Розберг, Себастијан Фетел, Тимо Глок, Нико Хилкенберг, Себастијан Кел, Арне Фридрих, Симон Ролфес, Даниел Рикардо, Фернандо Алонсо и многу други.

Пред 25.000 гледачи, тимот на Формула 1 го победија тимот составен од други ѕвезди со 9:6.

Дирк Новицки прослави еден од головите со ѕвезда

Играше и Миро Клосе

28 јули 2016 - 16:22