7 правила за да се преживее сообраќајот во Рио

Домаќините на најголемиот спортски настан на планетата се удавија во проблеми за време на организацијата на Олимпијадата, а тешко на туристите ќе биде ако не се информираат ништо за сообраќајот во градот кој ќе биде побавен за половина час.

Бразил брои ситно, околу 50 и кусур часа до стартот на игрите, а како ќе се бори со проблемите ќе покаже периодот од 5 до 21 август кога сите патишта ќе водат во Рио. Доцнат со изградба на Олимпиското село, го имаат проклетиот Зика вирус, трошоци надвор од контрола, загадување на заливот Гуанабара, недоволна безбедност или преголема итн, итн.

Оваа листа на проблеми сиромашниот жител во Рио на кој не му е дојдено до спорт може да ја направи многу подолга. Тука сигурно влегува и густиот сообраќај кој може да му се олесни само на тој што ќе користи смартфон. Другите секаде ќе доцнат.

1. Рио де Жанеиро е меѓу најлошите градови за сообраќајни услови и се наоѓа на 128 место на светската листа на Global Driver Satisfaction Ranking 2015.

2. Најлош ден за сообраќај во бразилскиот град е четврток, а во петок во просек се случуваат најмногу сообраќајни несреќи.

3. За да стигнете навреме на некој натпревар најдобро е да ја користите апликацијата Waze, која овозможува да вметнете датум и час на тргнување од одредено местото и таа ќе ви пресмета потребно време за пристигнување врз основа на моменталните услови во сообраќајот или пак во реално време, благодарение на повеќе од 800.000 активни корисници во Рио кои споделуваат информации за сообраќајот.

4. Булеварот Бразил е главен во Рио, се протега на 58,5 км со 75.008 граѓански броеви. Се работи за една од најпрометни улици во градот на која овие денови се чека 25-30 минути повеќе од вообичаеното.

5. Кејот на Копакабана и Ипанема во недела е затворен за сообраќај за да се направи простор на велосипедистите и скејтерите.

6. Внимание на брзината. Во центарот на Рио границата на возење со кола е 60км на час, а на автопатите и другите не урбани патишта до 120км на час. Waze неодамна има функција која ве предупредува кога се надминува границата поставена на патот на кој возите и ве известува за евентуални контроли.

7. Билет за тие што сакаат да користат јавен транспорт чини 1,10 евра.

3 август 2016 - 15:42