Извесен Маркус Вилис, 775-ти тенисер во светот сакал да се повлече од тенисот бидејќи не му одело, а во 2016-та од тенис заработил 300 долари. Потоа му се вмешува девојката и го тера да остане. Британецот ја послушал, ги минал претквалификациите, квалификациите и првото коло во Вимблдон каде успеа да го елиминира Ричард Беранкис, 54-ти тенисер на светот.
Sport Vision Outlet Extra Nike нуди Аdidas, Reebok, Timberland, Converse, Champion, Sergio Tacchini, Ellesse, Lonsdale, Umbro и други производи од познатите светски брендови.
Најпрестижниот турнир во светот го освојува две години по ред, а сега ќе се обиде да стигне до хет-трик или вкупно четврти во кариерата. Формата му е следна:
Ако по чудото против Австрија кога дадоа гол буквално во последната секунда за сигурен пласман понатаму, исландскиот коментатор полуде, тогаш претпоставуваме што му се случувало на дуелот против Англија. Историски меч за неговата земја.
Милиони фудбалски фанови буквално го планираат животот според распоредот на натпреварите на ЕП 2016. Додека фудбалерите ве импресионираат со своите голови, дриблинзи и акции, ние ви ги презентираме интересните и помалку познати факти за најомилениот спорт во светот.
Убаво е кога ќе се чуе терминот „освои злетен медал“ за некој македонски спортист, па макар и во еден не многу популарен спорт како што е каратето. Нашиот Иво Цветковски последниот значаен успех го забележа на Светскиот Куп Лашко 2016 во Словенија пред околу три месеци. Најтазе потег од него на интернет.
Активните зони се состојат од 5 професионални фитнес справи и голови за мал фудбал поставени на соодветни локации на отворено во општина Гази Баба. Ќе бидат достапни за користење 24 часа без никаков надомест.
Во финалето на Европското првенство на денешен ден 1976 во Белград играле Чехословачка и Западна Германија. После продолженијата резултатот бил 2:2 и се изведувале пенали. Првите седум пенали биле реализирани, а Ули Хенес шутирал над голот. Редот му дошол на Антонин Паненка кој под огромен притисок го извел најубавиот шут во фудбалот и им ја донел титулата на Чехословаците.
SportVisionOutletStore е првиот и единствен аутлет концепт од ваков вид во Македонија, кој овозможува поголема достапност на спортска опрема од популарниот светски бренд Nike по многу поволни цени.
Најзаслужниот за развојот на Паје во еден од најдобрите европски фудбалери е тренерот на Вест Хем, Славен Билиќ кај кого Французинот блескаше сезонава. Хрватскиот стратег искрено се израдува на неговиот гол против Албанија. „Му пратив порака: Најдобар си.“ изјави Билиќ во студиото.
Откако дознавме за голманот на Велс кој е меѓу најдобрите уметници на оваа земја, сега се запознаваме со чуварот на мрежата на Исланд чија првична професија не е фудбалската, туку режија на играни филмови.
Во плејадата прогнозери за средбите од Европско деновиве се огласија и нашите поп пејачи. Андријана Јаневска на пример типува на Холандија, селекција за која навивала уште пред 26 години, па дури и денес кога холандските фудбалери Европското го гледаат пред телевизија.
Актуелниот шампион на Формула 1 тактички ја доби битката пред Себастијан Фетел од Ферари и стигна до триумф на седмата трка оваа сезона која се возеше за Големата награда на Канада.
Европското 2016 ќе се игра на 10 места ширум земјата. Франција потрошила околу 1,6 милијарда на изградба на пет нови и реновирање на веќе постоечките стадиони. Единствено Стад де Франс остана негибнат, а на него ќе се отвора и затвора првенството.
Луѓе сме - грешиме, можеби е најисправна досетка за огромниот пропуст кој го направи гигантот за спортска опрема Адидас во врска со Јужноамериканската репрезентација која има две победи на два меча на Копа Америка за сега.
Исланѓанецот кој се прослави со улогата на Грегор Клигејн „Планината" во Игра на тронови, изјави дека ќе го претепа Кристијано Роналдо доколку даде гол против неговиот Исланд на Европското на 14. јуни.
Грег Ратерфорд кој освои златен медал во скок во далечина на игрите во Лондон 2012, најде чаре за не дај боже, како да си го заштити семејството после Олимпијадата во Рио, откако алармот за проблемот со вирусот Зика свири се повеќе.
Француските репрезентативци од исламска вероисповест одбиле да се придржуваат до Рамазанскиот пост во пресрет и за време на Европското првенство, иако селекторот Дешамп во менито дозволил и „халал" храна за Муслиманите во време на постот.
Бараш од сабајле некоја зезалица за да ставиш на сајт, по можност да е смешна и ти улетува некој рандом клип со жонглирање од кој ти се разубавува денот.