Во 2012-та Федерер во финалето на Индијан Велс го совлада домашниот миленик Џон Изнер и по четврти пат во кариерата го крена драгоцениот пехар.
Синоќа, на истото место, во финале против неговиот сонародник и голем другар Стен Вавринка Роџер победи 6-4, 7-5 и дополнително ја збогати трофејната сала. Тоа беше 25-ти трофеј на Мастерсите 1000 (43-то финале на Мастерс, 139 вкупно во кариерата) за еден од најдобрите спортисти во историјата.
На патот до финалето Роџер на маестрален начин ги победуваше Роберт, Џонсон, Надал, Ник Кирјос и Сок. Пет одличја на Индијан Велс имаат само Федерер и Новак Ѓоковиќ.
Роџер во моментов се искачи на второто место по вкупна заработка сезонава а се врати и на шестото место на АТП листата. Во пресрет на Мајами каде настапот го откажаа и Мареј и Ѓоковиќ, Федерер би можел дополнително да се искачи на ранг листата.
Stan Wawrinka cries, jokingly calls Roger Federer an "a—hole” after beating him at Indian Wells pic.twitter.com/1bBgEscDDj
— Sports Illustrated (@SInow) March 20, 2017
„Простете, едноставно сум уморен после овие десет дена. Би сакал да му честитам на Роџер. Тој се смее сега, тој е шупак, но во ред е. Изгубив некои тешки мечеви против тебе, но кога играше финале на Австралија Опен бев твој најголем навивач. Честитки на големото враќање. Секој кој сака да гледа тенис, сака да ги гледа твоите мечеви“, со насолзени очи се пошегува Вавринка во говорот после финалето.
Федерер изјави дека ова било уште една недела од бајките за него:
"It's been a fairytale week once again"@rogerfederer living the dream again at #IndianWells.#BNPPO17 pic.twitter.com/0e0UftAkDu
— Tennis TV (@TennisTV) March 19, 2017
Најдобрите поени на Роџер на турнирот Индијан Велс: