Американецот Максим Креси му го зема најчудниот поен на сервирање на Кристофер Јубенкс во првото коло на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Да не знае човек, може и нема да сфати како ова се случи. Се смееше и тенисерот и публиката, а за поенот е уствари виновен ветерот откако Креси го удри топчето со врвот на рекетот.
Не можеш да го очекуваш, ниту да го предвидиш, бидејќи скоро и никој да не го практикува, а ќе го изненади скроз не само противникот, туку и гледачот. Енди Мареј му го продаде штосов на 18-годишниот Карлос Алкараз од Шпанија, кој го совлада со 2:1.
Петти триумф за Ѓоковиќ на Индијан Велс и 27-ми трофеј на АТП 1000. Овој пат него го нема во најтрактивната компилација составена од топ 5 поени на првенството кое синоќа заврши во САД:
По убедливиот триумф во финалето на Индијан Велс против Раониќ, Новак беше вовлечен во незгодна тема од новинарите кои од него добија одговор дека мажите имаат повеќе публика, играат поатрактивни мечеви и треба да заработуваат повеќе од жените, но додаде дека го почитува тоа што го прават спортистките.