Димовски – Стојановски од СЦ Борис Трајковски тандем за прва победа над Dominos Pizza
Dominos Pizza 6-7 (3-4) СЦ Борис Трајковски
Dominos Pizza: Филип Пишевски 3’, Диме Стефанов 5’, Неделко Неделковски 13’, 36’, 39’, Бојан Стојковски 26’
СЦ Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 6’, 22’, 23’, Влахо Костов 7’, Филип Тодоровски 10’, Јован Димовски 18’, 27’
Dominos Pizza одлично го отвори овој натпревар, со перфектна реализација дојде до 2 гола предност, но СЦ Борис Трајковски стигна до целосен пресврт и со 3 гола во низа и поведе со 3-2. Во понатамошниот дел од натпреварот Dominos Pizza го израмни резултатот, но СЦ Борис Трајковски со добра игра се избори за гол предност на полувремето. Во второто полувреме проработе Љубомир Стојановски кај СЦ Борис Трајковски кој му даде импулс на тимот да заигра во вистински ритам и оди до првата победа која ја остварија со резултат од 6-7.
Алкалоид со одлично второ полувреме до победа над TRANSMET
TRANSMET 1-4 (0-1) Алкалоид
TRANSMET: Перо Ангелески 40’
Алкалоид: Стефан Димовски 4’, 36’, Оливер Христовски 30’, 39’
Екипите на Алкалоид и TRANSMET во текот на целото прво полувреме ставија акцент на играта во одбраната и наметнаа игра со малку чисти шутеви кон голот. Алкалоид искористи една од малкуте акции и ја претвори во гол, со што во понатамошниот дел од полувремето успеа да се одбрани и да ја задржи оваа предност на 0-1 на полувремето. Во второто полувреме Алкалоид значително ја подобри играта во нападот, што резултираше со 3 гола. Екипата на TRANSMET не успеа да даде одговор за оваа игра, па го загуби овој натпревар со 1-4.
Montenegro не дозволи изненадување во дуелот со ЕВН
Montenegro 7-5 (4-2) ЕВН
Montenegro: Јорданчо Јакимоски 9’, Ивица Јанковски 11’, 16’, Горан Новакоски 10’, 22’, Даниел Настевски 33’, Сашо Павлоски 40’
ЕВН: Дарко Милошески 19’, 24’, Благојче Кулев 20’, Патрик Караѓуле 32’, 38’
Во првото полувреме екипата на Montenegro прикажа одлична игра играјќи доста отворен фудбал кој овозможи да постигнат дури 4 гола. ЕВН не можеше да влезе во својот познат ритам, па на полувремето отиде со негатива од 4-2. Во второто полувреме ЕВН во своите редови внесе голман играч со цел да фати резултатски приклучок што вроди со плод, па намалија на само 5-4. Но Montenegro набргу ги консолидираше своите редови и го доби овој натпревар со 7-5.