Главна причина за тоа е местото на одржување на Светското првенство (Саудиска Арабија), или поточно нарушените права на жените во таа земја.
„Прво Иран, сега Саудиска Арабија... Интересно, каде ли ќе го организираат следното Светско првенство за жени? Да си го ризикувам животот и цело време да носам абаја (налик хиџаб)? Се има свои граници, па така и носењето марами во Иран беше повеќе од доволно“, напишала Музичук на Facebook уште во ноември.
А сосема неодамна таа за време на Светското кое го бојкотира рекла:
„За неколку дена јас ќе ги изгубам и двете свои шампионски титули и тоа една за друга. Просто поради тоа што решив да не одам во Саудиска Арабија. Не играм по нивните правила, не носам абаја, нема да одам покриена на улица и воопшто не се чувствувам себеси како суштество од втор ранг“.
Пред точно една година јас ги освоив двата најважни трофеи во женскиот шах и бев најсреќниот човек во светот на шахот, затоа сега се чувствувам многу лошо. Спремна сум да се борам за своите принципи и да пропуштам големи настани кои може да ми донесат многу пари отколку десет турнири по ред. Тоа ме растажува, чувството е горчеливо но и натаму не го менувам мојот став. Истото важи и за мојата сестра Марија - среќна сум што таа ја дели мојата точка на гледиште“, напишала Музичук на Фејсбук.
Тој пост собрал повеќе од 118.000 лајкови, повеќе од 50.000 репостови и 15.000 коментари од целиот свет. Тој пост станал најпопуларниот во целата историја на украинскиот сегмент на Фејсбук.
Но за волја на вистината ставот на Музичук не е во целост верен. За време на натпреварите таму никој не ги обврзува шахистите да носат хиџаб или абаја. Дрес-кодот е темно сина или црна бурка и бела блуза со висока ролка.
ЗОШТО СВЕТСКОТО СЕ ОДРЖУВА ВО САУДИСКА АРАБИЈА?
ФИДЕ (Светската шаховска федерација) доцнела со изборот на земјата домаќин во која ќе се игра Светското првенство и својата одлука ја соопштила на 9. ноември.
Парите се основната причина според која ФИДЕ (за жал не само они) го бира домаќинот на турнирите во последно време. Во декември минатата година Светското во брз шах се одржало во Катар а во февруари годинава Светското по класичен шах за жени се играл во Иран.
Федерацијата за турнирот во Саудиска Арабија добила рекорден фонд од 2 милиони долари од кои 750.000 одат за отворање на турнирот, уште по 250.000 за жените учеснички. ФИДЕ од вкупниот фонд добива 20%.
ДАЛИ ВО САУДИСКА АРАБИЈА Е ТОЛКУ ЛОШО СО ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ?
Да. Жените во оваа земја имаат силно ограничени права. Во индексот за родови за 2016-та оваа земја го зазема 141. место од 144. земји. На жените им е забрането да се шетаат без придружба и да комуницираат со мажи кои не им се блиски роднини. Имаат ограничувања во спортот, образованието, работата.
Сите се обврзани да носат абаји и ги оставаат само очите непокриени. Во 2018-та ќе стапи на сила законот за возачките права на жените и тие ќе можат да седнат зад воланот за првпат во историјата на оваа земја.
Во Саудиска Арабија е забранет влез за граѓаните на Иран, Израел и Катар (за Светското го дискутирале ова прашање), а најголем проблем е прашањето со Либанците.
Хомосексуализмот во оваа земја е забранет: од парична казна до камшикување и притвор па дури и смртна казна. Според англискиот The Independent во април годинава еден маж бил осуден на смрт поради атеизам.