Гранде Торино 1949 година
Ако во Италија слушнете некој да рече „Гранде Торино“, тоа не се мисли на сегашниот состав кој одлично го предводи Синиша Михајловиќ, туку на нивниот историски тим кој во 50-те освои 5 Скудета по ред. Оваа екипа си замина на 4 мај 1949 година, денот кога се случи најголемата трагедија во историјата на италијанскиот фудбал.
Торино се враќаше од Лисабон каде одигра пријателски натпревар против Бенфика и потоа удри во базилика на брдо во близина на Торино. Загинаа 31 патник, а покрај 18-те играчи во авионот биле петмина членови на стручниот штаб, тројца познати новинари, четворица членови на екипажот и еден организатор. Тројца фудбалери на Торино не отпатувале на тоа гостување, а голем дел од загинатите беа репрезентативци на Италија.
Сезоната ја довршиле јуниорите и ја освоиле шестата титула, но Торино никогаш не успеа да го повтори успехот на „Гранде Торино". Последната титула Торино ја освојува во 1976-та година.
Марсел Сердан 1949 година
Истата година, славниот француски боксер кој со својот изглед привлекувал многу обожаватели, а многу експерти го сметале за најдобар боксер во историјата на Франција ја бранел светската титула.
Сердан патувал да боксува против Џејк Ла Мота, дуел кој се сметал за епски во време кога овој спорт привлекувал огромен број на луѓе. Мечот не почна бидејќи ми се сруши авионот.
33 годишниот боксер во кариерата имал 113 победи и 4 порази од кои 66 со нокаут.
Манчестер Јунајтед 1958 година
Црвените ѓаволи се враќаа од Белград каде играа меч од КЕШ против Црвена Ѕвезда и имаа неуспешно слетување на пистата во Минхен која беше полна со снег. Загинаа 23 патници меѓу кои осум фудбалери, двајца тренери и секретарот на Манчестер Јунајтед.
Меѓу преживеаните беше и 19-годишниот Боби Чарлтон, кој подоцна стана легенда на клубот. Десет години потоа, во 1968 година Јунајтед се издигна и го освои најпосакуваниот европски трофеј.
Седум италијански пливачи 1966 година
17 години по несреќата во Торино, Италија ја погоди нова трагедија. Овој пат загинаа 7 пливачи, тренерот и еден новинар додека слетуваа во Бремен каде имаше магла.
САД 1970 година
Гледано по бројки, најголемата катастрофа се случи во ноември 1970-та во САД кога загинаа сите 37 играчи по американски фудбал на Маршал универзитетот.
САД 1980-та
Декември 1980-та беше црн за боксерската селекција на САД која загуби 14 свои членови во несреќата која се случи во Полска.
Перу 1987-та
На 8 декември 1987 година авионот со кој се возеше перуанскиот фудбалски клуб Алијанца Лима се урна во Тихиот океан. Никој не преживеа, а се возеа вкупно 44-ца меѓу кои играчи, стручен штаб, чирлидерки и членови на екипажот.
Замбија 1993-та
По шест години црната хроника ја погоди Замбија, а загина цела репрезентација заедно со уште пет раководни лица. Авионската несреќа се случи во Габон.
САД 1999-та
На 25 октомври 1999 година судбината го погоди голферот Пејн Стјуарт кој го загуби животот во пад со неговиот приватен авион на пат од Флорида накај Тексас.
Аргентина 2015-та
Тројца француски спортски ѕвезди - олимписката пливачка Камиј Муфат, едриличарката Флоренс Арто и боксерот Алексис Вастин - се меѓу 10-те лица кои загинаа кога два хеликоптера се судрија во Аргентина, за време на снимањето на реално ТВ-шоу на 10 март 2015-та.