
„Му благодарам на стапот кој ме удри силно по глава пред крајот на трката. Успеа да ме разбуди“
„Пред неколку години јадев многу повеќе. Еднаш изедов шест стекови еден по друг. Сега можам да се воздржам иако јадењето е еден од моите моменти кои најмногу ги сакам. Висок сум 182 см и тежам 90 кг, ако не јадам како што треба, се онезвестувам. Всушност ако не јадам два дена имам грчеви во стомакот“.
„Тешко е да се освои Куп бидејќи јас не се спуштам надоле со скии, мајка ми не ми дава, а за да се освои Купот потребни се многу бодови“.
„Жените според мене треба да се занимаваат со атлетика, уметничко лизгање, тенис и одбојка, затоа што така може да бидат атрактивни, а не да практикуваат скијање или фудбал“.
„Како мал сакаше многу да црта и беше многу добар во тоа, а никој не му веруваше дека тој ги право цртежите. Црташе тоа што ќе го види: дрво, куќа, село, а исто така беше луд за стрипови и филмови со Тарзан. Беше генијалец и за електронски игри“, вели неговата мајка Марија Грација.
„Што треба да се подари во случај на освојување злато? Па еден базен за дома“.
„Кој е мојот сон? Да станам прв во свет и да успеам да станам славен и препознатлив и кога сум во цивилка. Сакам да сум познат како Папата, Реган, Горбачов или Сталоне. Не како Сталоне, можеби во Африка не го знаат“
„Многумина беа изненадени што ги освоив Олимписките игри во Калгари каде ме забележаа Американците. Ме викаа Бомба, а јас ја мразам таа споредба. Доста со тоа томба бомба, јас се викам Алберто.
„Марадона дојде во Италија и многу луѓе му клекнаа на колена. Има фанатици за фудбал повеќе отколку за скијање, но јас не им завидувам. За фудбал не сум лош, сакам да го видам на скии. Ајде Марадона“
„Читам текстови за мене дека заработувам 5 милијарди тука, 8 милијарди таму и тоа оди лесно. Јас тука мрзнам, наместо да одам некаде сега да уживам. Реалноста е друга. Постојат правила кои треба да се почитуваат и јас ги почитувам, затоа да не зборуваме за цифри бидејќи не се реални. Деновиве ќе ми го видите ликот на многу реклами. Да, ама тие реклами се поврзани со скијање и парите ќе одат во федерација“.
„Бев во Милано и се пуштив во базен како нуркач. Салто мортале во базен без вода. Се шегувам, имаше вода ама малку за мојата тежина. Да бев гранка од дрво немаше ништо да ми биде, а вака се ја повредив ногата и морав да ја лечам еден месец“.
„Сега е потешко да се победи бидејќи за разлика од пред 3-4 години има многу работи на кои треба да се размислува. Од друга страна позрел сум и имам повеќе искуство. Претходно се спуштав без да размислувам, а сега повеќе ги мислам трките. Знам дека ако не направам грешки сигурно победувам. Од техничка гледна точка новина е големиот шлем. Ударите во глава не се добри и бев уморен од нив. Потоа воведоа голема облека и за слалом“.
„Ни кажаа дека на фитнес на справата за нозе можеш да притиснеш 520 кг. Ние двајца заедно не го можеме тоа. Вистина ли е тоа? Да, ама тоа беше лани, сега работам на брзината“.
„Дали е можно некогаш да имам право на приватен живот? Секој потег што ќе го направам станува скандал. Па тоа е неверојатно. Еднаш морав да го напуштам хотелот бидејќи надвор ме чекаа петмина папараци“.
„Во што можам да бидам добар? Како пожарникар. Имам многу планови. Оваа пролет ќе останам во САД и потоа во април ќе им кажам дека ќе одам на снимање или на скијање.
Една од патеките во Банско е крстена во негова чест.